Bible

Focus

On Your Ministry and Not Your Media

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Romans 2

:
Macedonian - 1990
1 И така, не можеш да се изговараш, о човеку, кој и да си ти, оти со каков суд судиш друг, со таков се осудуваш сам, бидејќи ти, кој судиш, го правиш истото.
2 А знаеме дека Божјиот суд, навистина, паѓа врз оние, кои вршат такви работи.
3 Зар мислиш, о човеку, дека ќе го избегнеш Божјиот суд ти, кој ги осудуваш оние, што прават такви работи, какви што правиш и сам?
4 Или, пак, го презираш богатството на Божјата благост, кротост и долготрпеливост, не разбирајќи дека Божјата благост те води кон покајување?
5 Но, според твојата упорност и непокајаното срце си собираш гнев за денот на гневот, кога ќе се открие праведниот суд од Бога,
6 Кој секому ќе му даде според неговите дела:
7 живот вечен на оние, кои со трпение во добрите дела бараат слава, чест и бесмртност;
8 јарост, пак, и гнев на оние, што ѝ упорствуваат на вистината, а се покоруваат на неправдата.
9 Мака и тага на секоја душа човечка, која прави зло, а најнапред на Јудеец, потоа и на Елин.
10 Слава и чест и мир на секого, што прави добро, прво на Јудеец, а потоа и на Елин;
11 зашто Бог не гледа на лице.
12 Оние, што згрешиле без Закон, без Закон ќе загинат; а оние, што згрешиле при Закон, според Законот ќе бидат и судени,
13 бидејќи пред Бога не се праведни оние, што го слушаат Законот, а ќе бидат оправдани само оние, што го исполнуваат Законот;
14 зашто незнабошците, немајќи Закон, сами од себе вршат сѐ по законот; тогаш тие, иако немаат Закон, сами во себеси се закон;
15 поради тоа што делото на Законот е напишано во нивните срца, та затоа се управуваат според Законот, бидејќи нивната совест им сведочи за тоа, и нивните мисли помеѓу себе се обвинуваат или оправдуваат
16 во оној ден, кога, според моето благовестие, Бог преку Исуса Христа ќе ги суди тајните на луѓето.
17 Ете, ти се наречуваш Јудеец, и се потпираш на Законот, и со Бога се фалиш,
18 и ја знаеш волјата Негова, и повеќе разбираш што е подобро, оти се поучуваш од Законот,
19 и уверен си дека си водач на слепци, а светлина на оние, што се во мрак;
20 наставник на неразумни, учител на младежи, зашто образец на знаењето и вистината имаш во Законот.
21 Но, како тоа учиш други, а себе не учиш?
22 Ти, кој проповедаш да не се краде, а крадеш; кој велиш да не се врши прељуба, а прељубодејствуваш; ти, кој се гнасиш од идолите, а крадеш од храмот;
23 ти, кој се фалиш со Законот, а престапувајќи го Законот, Го срамотиш ли Бога?
24 Зашто поради вас името Божјо се хули меѓу незнабошците, како што е напишано.
25 Обрезанието е навистина полезно, но ако го извршуваш Законот; ако, пак, правиш престапи против Законот, обрезанието твое станува необрезание.
26 И така, ако необрезаниот ги пази наредбите на Законот, тоа тогаш необрезанието нема ли да му се смета како обрезание?
27 И необрезаниот по тело, извршувајќи го Законот, нема ли да те осуди тебе, кој при Писмо и обрезание си престапник на Законот?
28 Оти не е оној Јудеец, кој е таков по надворешност, ниту по обрезанието, кое е надворешно, врз плотта,
29 туку оној, кој е внатрешно таков, и она обрезание, што е во срцето, по дух, а не по буква: него ќе го пофалуваат не луѓето, а Бог.