Bible

Elevate

Your Sunday Morning Worship Service

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Romans 13

:
Macedonian - 1990
1 Секоја душа да им се потчинува на претпоставените власти, зашто нема власт, што не е дадена од Бога.
2 Затоа, оној што се противи на власта, тој се противи на Божјата наредба. А оние, што се противат, тие ќе паднат под осуда.
3 Затоа, началниците не се страшни за добрите дела, туку за лошите; сакаш ли, пак, да не се боиш од власта, тогаш прави добри дела, па ќе добиеш и пофалба од неа;
4 оти таа е слугинка Божја, за твое добро. Ако, пак, правиш зло, тогаш страхувај, бидејќи тој не носи залудо оружје; тој е служител Божји и со гнев се одмаздува на оној што прави зло.
5 Затоа треба да се покорувате, и тоа не само поради страв, туку и поради совеста своја.
6 Затоа и данок плаќате, оти тие се Божји служители, и со тоа постојано се занимаваат.
7 И така, дајте секому, што сте му должни: кому данок данок; кому давачка давачка; кому страв страв; кому чест чест.
8 И не должете никому ништо освен да се сакате еден со друг; зашто оној, што го љуби ближниот, го исполнува Законот.
9 Бидејќи заповедите: »Не прави прељуба, не убиј, не кради, не сведочи лажно, не барај туѓо!«, и секоја друга заповед се содржат во овие зборови: »Љуби го ближниот како самиот себеси!«
10 Љубовта не му прави зло на ближниот; и така, љубовта е исполнување на Законот.
11 Па, знаејќи го ова време дека дошол веќе часот, тоа да се разбудиме од сонот, оти спасението е сега поблиску до нас, отколку кога поверувавме.
12 Ноќта помина, а денот се приближи: да ги отфрлиме, пак, сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината.
13 Да одиме чесно како дење не во срамни гоштавки и пијанство, не во блуд и нечистотија, ниту, пак, во препирка и завист;
14 туку облечете се во Господа нашиот Исуса Христа, и грижата за телото не претворувајте ја во похоти.