Bible

Simplify

Your Church Tech & Streamline Your Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Revelation 2

:
Macedonian - 1990
1 На ангелот на Ефеската црква напиши му: ова го вели Оној, Кој ги држи седумте ѕвезди во десницата Своја, Кој оди посреде седумте светилници
2 ги знам делата твои, трудот твој и трпението твое, и дека не можеш да ги трпиш лошите; знам дека си ги испитал оние што себеси се наречуваат апостоли, а не се, и дека си нашол оти се лажци;
3 дека си претрпел и дека имаш трпение, дека си се трудел за името Мое и дека не си се уморил.
4 Но сум против тебе, зашто ја остави својата прва љубов.
5 Спомни си од каде си паднал, и покај се, и врши ги поранешните дела; ако не, скоро ќе ти дојдам и ќе го преместам светилникот твој од местото негово, ако не се покаеш.
6 А ова го имаш, ги мразиш делата на николаитите, кои што и Јас ги мразам.
7 Кој има уво, нека чуе, што им зборува Духот на црквите на оној, што победува, ќе му дадам да јаде од дрвото на животот, кое што е среде Божјиот рај.
8 И на ангелот на Смирненската црква напиши му: така вели Првиот и Последниот, Кој беше мртов и еве оживе
9 ги знам твоите дела, скрбта и сиромаштијата но ти си богат и хулењата на оние, кои за себеси велат дека се Јудејци, а не се, туку се сатанска збирштина.
10 Не бој се воопшто од она, што ќе има да претргаш. Ете, ѓаволот некои од вас ќе фрли в затвор, за да ве искуша, и ќе бидете нажалени десетина дни. Биди верен до самата смрт и ќе ти го дадам венецот на животот.
11 Кој има уво, нека чуе што им зборува Духот на црквите: кој победува, втората смрт нема да му нанесе штета.
12 И на ангелот на Пергамската црква напиши му: вака вели Оној, Кој држи меч со две острици
13 ги знам делата твои, и каде живееш, каде е престолот на сатаната, и дека го држиш името Мое, и дека не се одрече од верата Моја дури и во деновите, кога Мојот верен сведок Антипа беше убиен меѓу вас, во чија што средина живее сатаната.
14 Но малку сум против тебе, зашто имаш таму некои, што го држат учењето на Валаама, кој што го учеше Валака да ги наведе на грев синовите Израилеви, та да јадат жртви идолски и да блудствуваат.
15 А имаш и некои, што го држат учењето на николаитите, кое го мразам.
16 Покај се! Ако, пак, не, скоро ќе ти дојдам и ќе стапам во борба против нив со мечот на устата Своја.
17 Кој има уво, нека чуе што им зборува Духот на црквите: на оној, што победува, ќе му дадам да јаде од сокриената мана, и ќе му дадам бело камче, и на камчето напишано ново име, што никој не го знае, освен оној, што го добива!
18 И на ангелот на Тиатирската црква напиши му: ова го вели Синот Божји, Чии очи се како пламен огнен, а нозете слични на сјаен бакар
19 ги знам твоите дела, и љубовта, и службата, и верата, и трпението твое, и дека твоите последни дела се побројни од првите.
20 Но малку сум лут на тебе, зашто позволуваш жената Језавела, која себеси се наречува пророчица, да ги учи и мами слугите Мои да блудствуваат и да јадат идолски жртви.
21 А ѝ дадов време да се покае за блудството свое, но таа не се покаја.
22 Ете, неа ја фрлам на постела, а оние, што блудствуваа со неа, во маки големи ако не се покајат за делата свои.
23 И чедата нејзини ќе ги поразам со смрт, и сите цркви ќе узнаат дека Јас сум Оној, Кој ги испитува срцата и бубрезите; и секому од вас ќе му дадам според делата негови.
24 А вам и на другите во Тиатир, што не го држат тоа учење и не ги узнаа таканаречените длабини сатански, ви велам: нема да ви наложам друго бреме.
25 Но држете го само она, што го имате, додека не дојдам.
26 И кој победува и ги пази делата Мои до крај, нему ќе му дадам власт над незнабошците,
27 и ќе ги пасе со жезал железен; и тие ќе се строшат како земјани садови; како што и Јас примив власт од Својот Отец.
28 Нему ќе му ја дадам ѕвездата Деница.
29 Па, кој има уво, нека чуе што им зборува Духот на црквите.