Bible

Designed

For Churches, Made for Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Revelation 15

:
Macedonian - 1990
1 И видов друг знак на небото, голем и чуден: седумте ангели, што ги држеа седумте последни порази, зашто со нив ќе се заврши Божјиот гнев.
2 И видов нешто како стаклено море, измешано со оган; а оние што го победија ѕверот и неговиот лик, неговиот белег и бројот на неговото име, стоеја на тоа стаклено море и имаа гусли Божји.
3 И ја пееја песната на Мојсеја, Божјиот слуга, и песната на Агнецот, велејќи: »Големи и чудни се делата Твои, Господи Боже Седржителу! Праведни и вистинити се Твоите патишта, Цару на народите!
4 Кој нема да се уплаши од Тебе, Господи, и не ќе го прослави името Твое? Оти само Ти си свет; зашто сите народи ќе дојдат и ќе се поклонат пред Тебе; бидејќи Твоите судови станаа јавни!«
5 Потоа видов: ете, на небото се отвори храмот на скинијата на сведоштвото.
6 И излегоа од храмот седумте ангели, што ги држеа седумте зла, облечени во чисти и светли облеки од ленено платно и опашани преку градите со златни појаси.
7 И едно од четирите животни на седумте ангели им даде седум златни чаши, полни со гневот на Бога, Кој живее во веки веков.
8 И се исполни храмот со дим од славата на Бога и од силата Негова, и никој не можеше да влезе во храмот, додека не се извршија седумте порази на седумте ангели.