Bible

Create

Inspiring Presentations Without Hassle

Try Risen Media.io Today!

Click Here

Revelation 16

:
Macedonian - 1990
1 И чув од храмот висок глас како им вели на седумте ангели: »Одете, излијте ги седумте чаши со гневот Божји на земјата!«
2 И отиде првиот ангел, и ја изли чашата своја на земјата; и по луѓето, што го имаа белегот на ѕверот и, му се поклонуваа на ликот, се појавија лоши и лути рани.
3 И вториот ангел ја изли чашата своја во морето: и тоа стана како крв од убиен човек; и сѐ живо изгина во морето.
4 Третиот ангел ја изли чашата своја во реките и во изворите водни, и тие се претворија во крв.
5 Потоа го чув ангелот на водите како вели: »Праведен си, Господи, Кој си, Кој беше, и Кој си свет, зашто така осуди,
6 бидејќи тие пролеаја крв на светии и пророци, и Ти им даде да пијат крв заслужуваат!«
7 И чув друг да зборува од жртвеникот: »Да, Господи Боже Седржителу, вистинити и праведни се твоите пресуди!«
8 Четвртиот ангел ја изли чашата своја врз сонцето; и му се даде луѓето да ги жари со оган.
9 И силна жега ги опфати луѓето, и го похулија името на Бога, Кој има власт над тие зла, и не се покајаа да Му воздадат слава.
10 Петтиот ангел ја изли чашата своја врз престолот на ѕверот; и царството негово се помрачи и луѓето ги гризеа јазиците свои од болка
11 и похулија на небесниот Бог поради болките и раните свои, но не се покајаа за делата свои.
12 Шестиот ангел ја изли чашата своја во големата река Еуфрат; и се пресуши водата нејзина, за да се приготви патот за царевите од сончевиот исток.
13 И видов кога од устата на змевот и од устата на ѕверот и од устата на лажниот пророк излегоа три нечисти духа, како жаби;
14 оти тоа се ѓаволски духови, кои прават чуда; тие одат кај царевите на целиот свет, за да ги соберат за војна во оној голем ден на Бога Седржителот.
15 »Ете, Јас доаѓам како крадец: блажен е оној, кој што бдее и пази на алиштата свои, за да не оди гол, и да не се гледа срамот негов!«
16 И ги собра на местото наречено по еврејски Армагедон.
17 Седмиот ангел ја изли чашата своја на воздухот; и од престолот на небесниот храм се пронесе силен глас, кој што извика: »Се сврши!«
18 И имаше светкавици, громови и гласови, и стана силен земјотрес, таков и голем и силен потрес, каков што не станал откако има луѓе на земјата.
19 Големиот град се раздели на три дела, и градовите на незнабошците паднаа; а Вавилон големиот се спомна пред Бога, за да му се даде чашата со вино од јароста на Неговиот гнев.
20 Сите острови исчезнаа, и гори веќе не се гледаа.
21 И град, голем како талант, падна од небото, на луѓето; а луѓето похулија на Бога поради злото од градот, зашто тоа зло беше многу големо.