Bible

Designed

For Churches, Made for Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Psalms 9

:
Macedonian - 1990
1 Те прославувам Тебе, Господи, со сето срце свои, ги известувам сите чудеса Твои;
2 се радувам и се веселам во Тебе, му пеам на името Твое, Севишни.
3 Кога се вратија непријателите мои, се сопнаа, изгубија сила и погинаа од лицето Твое.
4 Бидејќи донесе пресуда за мене и ме одбрани; седна на престолот Свој, судија праведен.
5 Им запрети на народите и загина нечестивиот; името му го затре за сите векови.
6 Непријателот остана сосема без оружје; градовите Му ги разруши, и погина споменот за нив.
7 Но Господ секогаш живее; го подготвил престолот Свој за суд;
8 Он ќе ѝ суди на вселената по правда, на луѓето ќе им суди право.
9 И ќе му биде Господ прибежиште на сиромавиот, помошник во право време во неволја.
10 Па нека се надеваат на Тебе оние кои го знаат името Твое, бидејќи не ги оставаш оние што Те бараат.
11 Пејте Му на Господа Кој живее на Сион, кажувајте ги на народите делата Негови;
12 бидејќи Он се одмаздува за крв, ја помни; не ги заборава пискотите на неволниците.
13 Смулуј се, Господи на мене; погледај како страдам од непријателите мои, Ти, Кој ме избавуваш од вратата на смртта.
14 За да ги кажувам сите похвали за Тебе пред вратите на ќерката Сионска и да го прославувам спасението Твое.
15 Пропаѓаа народите во јама, што сами ја направија; во замка, која сами ја наместија, се фати ногата нивна.
16 Го познаа Господа, Кој суди; во делата на рацете Негови грешникот се заплетува.
17 Ќе се вратат во пеколот сите грешници, и сите народи, кои Бога Го забораваат.
18 Зашто нема засекогаш да биде заборавен сиромавиот, и надежта на бедните нема никогаш да престане.
19 Стани, Господи, за да не се засили човекот, и народите да примаат суд пред Тебе.
20 Постави, Господи, законоположник над нив, за да разберат незнабожците дека се луѓе.
21 Зошто Господи се оддалечуваш и не сакаш на неволните во право време да им помогнеш?
22 Кога нечесниот се разбесува, ги мачи бедните бездушно, и тие паѓаат во замките негови.
23 Бидејќи грешникот се гордее со желбата на душата своја и одбива да биде благословен.
24 Грешникот го дразни Господа, за многуте негови гревови, вели, дека Он не истражува: нема Бог пред него.
25 Патиштата негови се секогаш криви, а судовите Твои се многу високи, за да мисли на нив, и така над непријателите се гордее.
26 И во срцето свое си вели: нема да минувам од род во род без зло.
27 Устата му е полна со клетви, измами и навреди; под јазикот негов тежина и пропаст.
28 Седи во заседа со богати, потајно убива невини, очите негови демнат бедни.
29 Седи скришум како лав во пештера, со намера да фати беден, и кога ќе фати, го сплетува во својата мрежа.
30 Се смирува, прилегнува и тогаш бедниот паѓа совладан.
31 па вели во срцето свое: Бог заборавил, го свртел лицето свое за да не го види крајот.
32 Стани, Господи, Боже мој, нека се крене раката Тавоја, не ги заборавај за секогаш бедните Твои.
33 Зошто безбожникот Го разгневува Бога, зошто во срцето свое да вели Бог не испитува?
34 Но Ти гледаш, оти ги забележуваш маките и навредите на бедниот; бедниот Тебе Ти се предава, Тебе Ти се остава сиромавиот и сиракот; биди им помошник.
35 Сотри ја мишката на грешникот и на лукавиот; па да се бара и да не се најде безбожноста негова.
36 Господ е вечен цар, во сите времиња; ќе ги снема народите од земјата Негова.
37 Господи, Ти ги слушаш желбите на бедните; закрепи ги срцата нивни, отвори го увото Свое!
38 Дај правда на сиракот и на смирениот, па да престане човекот на земјата да задава страв.