Bible

Engage

Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Psalms 10

:
Macedonian - 1990
1 На Господа се надевам, зошто да ѝ речете на душата моја: »Одлетај во гората своја како птица?«
2 Но ете грешниците, го затегнаа лакот, ја притегнаа стрелата своја на тетивата, па од мрак да стрелаат на чистите по срце.
3 Ти што си направил, тие го разрушија; што може праведникот да прави? Господ е во својот свет храм.
4 Господ е на престолот небесни; очите Негови гледаат на сиромавиот, веѓите Негови ги испитуваат синовите човечки.
5 Господ го испитува праведникот, а безбожникот, и оној што сака неправда, ја мрази душата своја.
6 На грешниците ќе пушти дожд од разгорен јаглен, оган и сулфур, а силен ветар ќе им биде дел во чашата нивна.
7 Зашто Господ е праведен, ја сака правдата: лицето Негово ќе го гледаат праведниците.