Bible

Upgrade

Your Church Presentations in Minutes

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Psalms 8

:
Macedonian - 1990
1 Господи, Господи наш, колку е чудесно името Твое по целата земја! Си ја издигнал славата Своја над небесата.
2 Од устата на младенците и доенчињата си ја создал похвалата Своја заради непријателите Твои, за да го срушиш непријателот и одмаздникот.
3 Кога ќе ги погледам небесата, дела на прстите Твои, па месечината и ѕвездите, што си ги поставил Ти:
4 Што е тоа човек, та се сеќаваш на него, или синот човечки, па го посетуваш?
5 Си го направил малку помал од ангелите, но со слава и чест си го венчал,
6 и си го поставил над делата од рацете Твои, и сѐ си потчинил под нозете негови;
7 овците и воловите сите, и ѕверовите полски;
8 птиците небески и рибите морски, сѐ што се движи по морските патишта.
9 Господи, Господи наш, колку е чудесно името Твое по целата земја!