1Спаси ме од непријателите мои, Боже мој, заштити ме од оние што стануваат против мене!
2Избави ме од оние, што вршат беззаконија; спаси ме и од крвниците;
3зашто, ете, тие ја демнат душата моја; ме напаѓаат силните беа престап мој и без грев мој, Господи.
4Без моја вина навалија на мене; стани, излези ми во пресрет и погледај.
5Ти, Господи, Боже на силите, Боже Израилев, разбуди се и посети ги сите овие народи и не поштедувај ниеден од оние што вршат беззаконие.
6Навечер тие се враќаат, вијат како кучиња и одат околу градот.
7И, ете, хулат со јазикот свој; во устата имаат меч, »зашто, – си велат тие, – кој ќе чуе?«
8Но Ти, Господи, ќе ги исмееш; Ти ќе ги посрамиш сите народи.
9Силата моја во Тебе ја чувам, зашто си Ти, Боже, мој застапник.
10Мојот Бог, Кој ме милува, иде пред мене; Бог мој, Кој ми ги покажува моите непријатели.
11Не убивај ги, за да не го заборават мојот народ; растури ги со силата Своја и победи ги, Господи, заштитниче мој.
12За гревот на устата нивна; за зборот во устата нивна некасе фатат во гордоста своја, бидејќи само клетви и лаги кажуваат.
13Во крајниот гнев, и нема веќе да ги има; за да увидат, дека Бог управува над Јакова и до краиштата на земјата.
14Навраќаат секоја вечер, гладуваат какокучиња, и одат околу градот;
15Тие се радуваат кога бараат храна, а кога нема да се заситат, ги поминуваат ноќите 'ржејќи.
16Јас, пак, со песна ќе ја славам Твојата сила и од рани зори ќе се зарадувам со Твојата милост, бидејќи Ти ми беше застапник мој и прибежиште во денот на мојата несреќа.
17Помошник мој си Ти, Тебе Ти пеам, зашто Ти си застапник мој, Боже мој, милост моја.