1Боже, Ти нѐ отфрли и нѐ растури, се разгневи, но сепак се смилува на нас.
2Ја потресе земјата и ја залула; стегни ги пукнатините нејзини, зашто таа се ниша.
3Ти му покажа на Твојот народ жестокост и ни напои со заносно вино.
4На оние, што се бојат од Тебе, им даде знак за дапобегнат од убојник лак.
5За да се избават Твоите возљубени, спаси ме со Твојата десница и услиши ме.
6Рече Бог во Своето Светилиште: »Ќе се зарадувам, ќе го разделам Сихем и ќе ја премерам долината на Сокхот заради поделба.
7Мој е Галад, и Мој е Манасија, и Ефрем е крепост на главата Моја, и Јуда е цар Мој.
8Со Моав се мие Мојата надеж, на Идумеја ќе ѝ го подадам обувките Свои, а над Филистејците ќе славам победа.«
9Кој ќе ме воведе во урепениот град? Кој ќе ме доведе до Идумеја?
10Зар не Ти, Боже, Кој нѐ отфрли? И нема веќе да излегуваш, Боже, со нашите војски?
11Помогни ни во маката, зашто од човекот нема спасение.
12Со Бога ќе бидеме силни, Он ќе ги уништи нашите мачители.