Bible

Power Up

Your Services with User-Friendly Software

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Psalms 57

:
Macedonian - 1990
1 Дали навистина кажувате правда? Судите ли праведно, вие, човечки синови?
2 Во срцето свое кроите беззаконие на земјата, вашите раце плетат неправда на земјата.
3 Се отуѓија грешниците од мајчиното крило, се заблудеа од утробата мајчина, говорејќи лага.
4 Јароста им е како змијски отров, како отровот на глувата аспида, која ги затнува ушите свои,
5 и не го слуша гласот на бајачот, вражачот вешт во вражањето.
6 Бог неке им ги скриши нивните заби во устите нивни; разби ги, Господи, челустите лавовски!
7 Нека се разлијат како вода што истечува; ќе го растегнеш својот лак, додека не малаксаат.
8 Како восок што се топи да се растопат, оган нека падне над нив, та сонце да не видат никогаш.
9 Пред котлите ваши да осетат топлина од запаленото трње.
10 Ќе се зарадува праведникот, кога ќе ја види одмаздата на безбожниците; ќе ги измие рацете свои во крвта на грешникот.
11 И ќе рече човекот: навистина има плод за праведникот! Навистина има Бог, Кој суди на земјата!