Bible

Say Goodbye

To Clunky Software & Sunday Tech Stress!

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Psalms 45

:
Macedonian - 1990
1 Бог ни е нам прибежиште и сила, помошник, на секој кој вомака ќе се најде.
2 Затоа нема да се уплашам, па макар и земјата да се разниша, и горите да се преместат во срцето морско.
3 Збучеа и се креваа водите нивни, се затесоа горите од жестината нивна.
4 Речните потоци го веселат Божјиот град, Севишниот го осветли живеалиштето Свое.
5 Бог е среде него; тоа нема да се разниша: Бог ќе му помогне уште пред зори.
6 Се збунија народите; се потресоа царствата; Севишниот го пушти Својот глас, и земјата се затресе.
7 Господ на силите е со нас, Јакововиот Бог е наш застапник.
8 Дојдете и видете ги делата Божји чудесата што ги направи Он на земјата.
9 Прекратувајќи ги војните до крајот на земјата, ќе го скрши лакот и ќе го здроби оружјето, и штитовите големи со оган ќе ги изгори.
10 Застанете и разберете дека Јас сум Бог; ќе се издигам над народите и ќе се превознесувам над земјата.
11 Господ на силите е со нас, Јакововиот Бог е наш застапник.