Bible

Say Goodbye

To Clunky Software & Sunday Tech Stress!

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Psalms 44

:
Macedonian - 1990
1 Од срцето мое се излива благ збор; му зборувам на Царот за делата мои; јазикот ми е како трска на брзописец.
2 Ти си најпрекрасниот меѓу синовите човечки, благодат се излива од Твојата уста; затоа Бог Те благословил довека.
3 Препаши го на бедрото мечот Свој, о силнику: во Својата красота и убавина!
4 И така украсен, поитај и царствувај заради вистината, кротоста и правдата, и Твојата десница ќе покаже чудесни дела.
5 Изострени се Твоите стрели, о јунаку, народите ќе паднат пред Тебе, тие ќе се забодат во срцата на царските непријатели.
6 Твојот престол, Боже, е вечен: жезлото на правдата е жезло на Твоето царство.
7 Ти ја засака правдата и го намрази беззаконието; затоа, Боже, Твојот Бог, Те помаза со елеј на радоста повеќе од Твоите соучесници.
8 Сите Твои облеки мирисаат на смирна, алој и касија; кога излегуваш од дворците од тешка слонова коска, во што наоѓаш радост.
9 Царски ќерки се во Твојата почесна придружба; царицата стои покрај Тебе оддесно во облека украсена и со злато проткаена.
10 Чуј, ќерко, види, приклони го увото свое и заборави го твојот народ и домот на таткото твој.
11 Зашто Царот ја посака твојата убавина, оти Он е твој Господар и приклони Му се тогаш ти.
12 И ќерката тирска ќе Му се поклони со подароци и најбогатите меѓу народот ќе те замолат.
13 Сета слава на царската ќерка е внатре: нејзината облека е везена со злато;
14 во везена облека ќе ја доведуваат кај Царот; по неа водат при Тебе девици, нејзини другарки, и ги приведуваат кон Тебе,
15 ги доведуваат со веселба и радост, влегуваат во Царевиот дворец.
16 Место твоите татковци, овде ќе бидат твоите синови; Ти ќе ги поставиш за кнезови по целата земја.
17 Ќе го спомнуваат името Твое од род во род; затоа народите ќе Те слават од век до век.