1Заплескајте со рацете, сите народи воскликнете кон Бога со радосен глас;
2зашто Севишниот Господ е страшен, Голем Цар е над целата земја.
3Он ни покори под нозете луѓе и народи;
4за Свое наследство ни ја избра красотата на Јакова, кого го возљуби.
5Се издигна Бог при восклици, Господ се возвисува при трубен звук.
6Пјете му на нашиот Бог, пејте; пејте му на нашиот Цар, пејте,
7зашто Бог е Цар над целата земја; пејте Му мудро!
8Бог се зацари над народите, Бог седи на светиот Свој престол;
9незнабожечките кнезови се состанаа со Авраамовиот Бог, зашто земните силници кои Му припаѓаат на Бога, силни се подигнаа.