Bible

Engage

Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Psalms 146

:
Macedonian - 1990
1 Хвалете Го Господа, зашто е добро да Му се пее на нашиот Бог, зашто на Добриот Му прилега похвала.
2 Господ го гради Ерусалим и ќе ги собере расеаните синови на Израилот.
3 Он ги изцелува скрушените по срце и ги преврзува раните нивни.
4 Го определува бројот на ѕвездите и не сите им дава име.
5 Велик е Господ наш и голема е силата Негова, а мудроста Негова неизмерлива е.
6 Господ ги прифаќа смирените, а грешниците ги понижува до земја.
7 Пејте Му секогаш славословија на Господа: на гусле пејте Му на Нашиот Бог,
8 Кој го покрива небото со облаци, подготвува дожд за земјата, прави да расте трева по горите и растенијата за полза на човекот,
9 на добитокот му ја дава храната негова и на малите врани кога гракаат.
10 На коњската сила не гледа Он, ниту Му е мила брзината на човечките нозе.
11 Господ ги почитува оние, кои се бојат од Него и кои се надеваат на Неговата милост.