Bible

Focus

On Your Ministry and Not Your Media

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Psalms 147

:
Macedonian - 1990
1 Пофали Го, Ерусалиме, Господа; пофали Го, Сионе, твојот Бог.
2 Он ги зацврсти резињата на вратите твои, ги благословува твоите синови во Тебе;
3 го утврдува мирот во Твоите предели, со јадра пченица те заситува;
4 го испраќа на земјата Својот благослов; Неговиот збор брзо оди;
5 дава снег како волна; сипува магла како пепел;
6 фрла град Свој како залаци; пред Неговиот мраз кој може да устои?
7 Ќе го испрати благословот, и сѐ се растопува; ќе дувне со ветрот Свој, и води потекуваат.
8 Он му го кажа благословот Свој на Јакова, Своите наредби и Своите судови на Израилот.
9 на никот друг народ Он не му го направил тоа, и Своите судови ним не им ги јавил.