Bible

Power Up

Your Services with User-Friendly Software

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Psalms 145

:
Macedonian - 1990
1 Фали Го, душо моја, Господа!
2 Ќе Го фалам Господа додека сум жив; ќе Му пеам на мојот Бог додека постојам.
3 Не надевајте се на кнезовите и на синовите човечки, во нив нема спасение.
4 Излегува духот негов, и тој се враќа во земјата своја: во тој ден исчезнуваат сите негови помисли.
5 Блажен е ониј, кому му е помошник Јакововиот Бог и чија надеж е во Господа, неговиот Бог,
6 Кој го создаде небото и земјата, морето и сѐ што е во нив, Кој вечно ја пази вистината,
7 Кој врши суд на навредени, им дава леб на гладни; Господ крши окови на затворени.
8 Господ им ги отвора очите на слепите, Господ ги исправа подгрбавените, Господ ги сака праведните.
9 Господ ги пази придојдените, ги поддржува сираците и вдовиците, а патот на грешниците го разурнува.
10 Господ ќе царува вечно; твојот Бог, Сионе, е од род в род.