Bible

Create

Inspiring Presentations Without Hassle

Try Risen Media.io Today!

Click Here

Psalms 110

:
Macedonian - 1990
1 Ќе Те славам, Господи, од сѐ срце во советот на праведните и во собранието.
2 Големи се делата на Господа, кои се создадени по Неговата волја.
3 Неговото дело е слава и великолепие, а правдата Негова вечно ќе постои.
4 Незаборавни ги направи чудесата Свои, милостив и штедар е Господ.
5 Им дава храна на оние, кои се бојат од Него; вечно го помни заветот Свој.
6 Силата на делата свои му ја покажа на Својот народ, за да му ги даде незнабожците во наследство.
7 Делата на рацете Негови се вистина и суд; и верни се сите заповеди Негови,
8 утврдени засекогаш, засновани врз вистина и правда.
9 Он му испрати избавување на Својот народ; засекогаш го установи Својот завет. Свето е и страшно името Негово.
10 Почеток на мудроста е стравот од Господа; здрав разум имаат сите, кои според неа постапуваат. Похвалата Негова пребива вечно.