Bible

Say Goodbye

To Clunky Software & Sunday Tech Stress!

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Psalms 111

:
Macedonian - 1990
1 Блажен е оној човек, кој се бои од Господа и кому му се мили Неговите заповеди.
2 Неговото потомство ќе биде силно на земјата; родот на праведните ќе биде благословен.
3 Слава и богатство ќе има во неговиот дом; и правдата негова ќе преуспева вечно.
4 На праведните во темнина им изгрева светлина од Добриот и Милостивиот.
5 Добриот човек е дарежлив и на заем дава; во судот тој уверливо ќе ги потврди зборовите свои;
6 и никогаш нема да се разниша; праведниот останува во вечен спомен.
7 Од лоши гласови нема да се уплаши; срцето му е спремно, зашто се надева во Господа.
8 Срцето му е цврсто: тој нема да се уплаши, кога годе ќе погледне во напријателите свои.
9 Тој растура, дава на сиромаси; правдата негова останува вечно; неговиот рог ќе се возвиши во слава.
10 Грешниот, кога ќе го види тоа, ќе се јадосува, ќе крцка со забите свои и ќе се топи. Желбата на грешникот пропаѓа.