Bible

Designed

For Churches, Made for Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Psalms 109

:
Macedonian - 1990
1 Му рече Господ на мојот Господ: »Седи од Мојата десна страна, додека ги ставам непријателите Твои во подножјето на нозете Твои.
2 Жезалот на Твојата сила ќе ти го прати Господ од Сион: владеј меѓу непријателите Свои.
3 Со Тебе започнува Твојата сила; во светлината на светиите Твои; Те родив уште пред да постои ѕвездата Деница.
4 Се заколна Господ и нема да се покае: Ти си вечен свештеник по чинот Мелхиседеков.«
5 Господ Кој е од Твојата десна страна, во денот на гневот Свој, Он ќе ги порази царевите;
6 ќе изврши суд над народите, ќе ја исполни земјата со трупови, ќе ги скрши главите на многумина на земјата.
7 Од потокот на патот ќе пие, и затоа високо ќе ја крене главата.