1Боже, похвало моја, не премолчувај,
2зашто против мене се отворени грешни и лукави усти; зборуваат со лажлив јазик против мене;
3отсекаде ме опкружуваат со злобни зборови, и без причина се собираат против мене;
4место да ме сакаат, тие стануваат против мене, а јас се молев;
5ми враќаат зло за добро, омраза – за љубов.
6Постави над него грешник, и ѓаволот да застане десно од него.
7Кога ќе му се суди, нека биде осуден, и молитвата негова да се прими за грев;
8дните негови да бидат кратки, а неговото достоинство друг да го земе;
9децата негови да останат сираци, а жената му – вдовица;
10децата негови да скитаат и да стана просјаци, изгонети надвор од своите домови.
11заемодавецот да му земе сѐ што има, и туѓинци да го разграбааттрудот негов;
12нека нема кој да го заштити, да нема и кој да се смили над сираците негови;
13потомството негово да загине, и да се избрише името негово во следниот род;
14да биде спомнато пред Господа безаконието на татковците негови, и гревот на мајка му да не се очисти;
15тие секогаш да бидат пред очите на Господа, и да се избрише споменот нивни на земјата.
16Зашто не помислил да прави милостиња, туку ги гонеше бедните, сиромасите смирените по срце, за да ги уништи;
17засакал клетва, – па таа нека го постигне: не посакал благослов, – тој нека се оддалечи од него;
18нека се облече во клетва како во облека; и таа нека влезе во него како вода, и како елеј – во неговите коски;
19та да му биде како облека, во која се облекува, и како појас, со кој секогаш се опашува.
20Таква нека биде отплатата од Господа на оние што ме мразат и на оние што лошо зборуваат против душата моја.
21А мене, Господи, Господи, заштити ме заради Твоето име, зашто е блага милоста Твоја; избави ме,
22оти сум беден и сиромав, и срцето мое во мене е збунето.
23Исчезнував како сенка што се оддалечува; ме гонат како скакулец.
24Колената ми изнемоштија од пост, а телото мое поради недостиг од масло.
25Им станав за потсмев; оние што ме гледаат, нишаат со главите свои.
26Помогни ми, Господи, Боже мој, спаси ме поради Твојатао милост.
27и да разберат дека е тоа Твојата рака и дека, Ти, Господи, си го направил тоа.
28Тие проколнуваат, а Ти, пак, благослови; и оние што стануваат против мене нека бидат посрамени, а Твојот слуга да се зарадува.
29Нека се облечат во бесчестие противниците мои и како со облека да се покријат со својот срам,
30и јас со устата моја многу ќе го славам Господа и меѓу мнозина ќе Го прославувам,
31зашто застана од мојата десна страна. За да ја спаси мојата душа од оние што ме гонат.