Bible

Power Up

Your Services with User-Friendly Software

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Psalms 1

:
Macedonian - 1990
1 Блажен е оној човек, што не оди на советот безбожнички, не застанува на пат на грешници и не седи во друштво на развратници,
2 па му омилел законот на Господа и во законот Негов дење и ноќе се поучува;
3 тој е како дрво посадено крај воден извор, кое својот род го дава навреме, и чиј лист не вене; и во сѐ што прави, напредува.
4 Но не се такви безбожниците; тие се како прав, што го растура ветар по земјата.
5 Затоа безбожниците нема да се одржат на судот, ниту грешниците во соборот на праведниците.
6 Зашто Господ го знае патот на преведниците; патот, пак, безбожнички води во погибел.