Bible

Simplify

Your Church Tech & Streamline Your Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Psalms 2

:
Macedonian - 1990
1 Зошто се бунат народите, и племињата смислуваат лоши работи?
2 Се креваат царевите земски, и кнезовите се собираат заедно против Господа и Неговиот Помазаник.
3 »Да ги раскинеме врските нивни и да го отфрлиме од себе јаремот нивни.«
4 Оној, Кој живее на небесата, ќе им се смее и Господ ќе ги исмее.
5 Тогаш во гневот Свој ќе им говори и со јароста Своја ќе ги збуни:
6 »Јас го помазав Царот Свој на Сион, на Мојата Света Гора.«
7 Ќе го кажам определението Господ Ми рече: »Ти си Син Мој, Јас денес Те родив.«
8 И побарај од Мане, и ќе Ти ги дадам народите во Твое наследство, и краиштата на замјата во Твоја власт.
9 Ти ќе ги пасеш со железен жезал; ќе ги разбиваш како грнчарски сад.
10 И сега цареви, вразумете се; поучете се, судии земни!
11 Служете Му на Господа со страв и радувајте се со трепет.
12 Почитувајте го Синот, та да не се разгневи, и на патот свој да не погинете; зашто Неговиот гнев брзо ќе се разгори. Блажени се сите, кои на Него се надеваат.