Bible

Connect

With Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Proverbs 28

:
Macedonian - 1990
1 Нечесниот бега, кога никој не го гони; а праведниот е смел како лав.
2 Кога земјата ќе отстапи од законот, тогаш во неа има многу началници; а при разумен и вешт маж управата е долговечна.
3 Човекот сиромав што врши зло на слабите и исто како излеан дожд, од кој полза нема.
4 Отстапниците од законот ги фалат нечесните, а оние што Го бараат Господа, негодуваат против нив.
5 Лошите луѓе не ја разбираат справедливоста, а оние, што го бараат Господа, разбираат сѐ.
6 Подобро сиромав, кој оди во својата непорочност, отколку оној, што ги искривува своите патишта, макар и да е богат.
7 Кој го пази законот, е разумен син, а кој се дружи со расипници, го срами татка си.
8 Кој го умножува имотот свој преку нечесност и лихва, тој го собира за добротворецот на сиромасите.
9 Кој го отстранува увото свое да не го слуша законот, на таквиот и молитвата му е одвратна.
10 Кој ги упатува праведните кон патот на злото, сам ќе падне во јамата своја, а непорочните ќе наследат добро.
11 Богатиот човек се смета за мудрец, меѓутоа, умен сиромав ќе го разобличи.
12 Кога праведници победуваат, голема е славата, но кога нечесните се издигаат, луѓе гинат.
13 Кој ги крие престапите свои, нема да напредува; а кој се освестува и ги остава, ќе биде помилуван.
14 Блажен е оној човек, кој секогаш се бои; а кој го ожесточува срцето свое, ќе падне во неволја.
15 Лав што рика и мечка гладна, тоа е нечесниот властодржец над беден народ.
16 Неразумен управител врши многу угнетувања, а кој го мрази користољубието, ќе има долги дни.
17 Човекот, виновен за пролевање на човечка крв, бега до гроб, за да не го фати некој. Казнувај го синот твој, и ќе те засака: ќе ја весели твојата душа; нема нечесните да ги слуша.
18 Кој оди непорочно, ќе биде неповреден; а кој оди по криви патишта, ќе падне на еден од нив.
19 Кој си ја обработува земјата, ќе се наситува со леб, а кој е мрзлив и не работи, ќе се насити со сиромаштија.
20 Верен човек ќе биде многу благословуван, а кој бара да се збогати, не останува без казна.
21 Не е добро кога некој не се срамува од праведните: таков човек и за парче леб ќе изврши неправда.
22 Завидлив човек брза кон богатството и не мисли, дека сиромаштијата ќе го стигне.
23 Кој разобличува човек, отпосле ќе најде поголема благонаклоност, отколку оној, што му ласка со јазикот.
24 Кој го краде татка си и мајка си и вели: »тоа не е грев« тој им е соучесник на грабителите.
25 Гордиот се надева на себеси, безумен е; а кој постапува мудро, ќе биде спасен.
26 Кој се надева на себеси, безумен е; а кој постапува мудро, ќе биде спасен.
27 Кој дава на сиромав, нема да осиромаши; а кој ги крие очите од него, ќе биде проколнуван.
28 Кога нечесните се издигаат, луѓето се кријат, а кога паѓаат, праведниците се умножуваат.