Philippians 4
1 И така, браќа мои возљубени и многу пожелани, радост моја и венец, стојте тврдо во Господа, возљубени!
2 Ја молам Еводија, ја молам и Синтихија да бидат едномислени во Господа;
3 а те молам и тебе, искрени сотрудниче, помагај им ним, кои што се грижеа во Благовестието заедно со мене и со Климента и со другите мои сотрудници, чии имиња се во книгата на животот.
4 Радувајте се секогаш во Господа, и пак ќе речам: радувајте се!
5 Кротоста ваша нека им биде позната на сите луѓе! Господ е близу!
6 За ништо не грижете се, туку во сѐ преку молитва и молба со благодарност изјавувајте ги пред Бога своите барања,
7 и мирот Божји, што надвишува секој ум, ќе ги запази вашите срца и вашите мисли во Исуса Христа.
8 А понатаму, браќа мои, на она што е вистинско, што е чесно, што е праведно, што е чисто, што е љубезно, што е достојно за слава, на она што е добродетел, што е за пофалба, само на тоа мислете!
9 И она, што го научивте, примивте, чувте и видовте во мене, тоа вршете го – и Бог на мирот ќе биде со вас!
10 Јас се зарадував необично многу во Господа, затоа што вие одново почнавте да се грижите за мене; вие и порано се грижевте за мене, но немавте згодно време.
11 Ова го велам не поради немање, бидејќи се научив да се задоволувам со она што го имам.
12 Знам да живеам и во скудност, знам да живеам и во изобилство; научен сум на сѐ и секако, и сит да бидам, и глад да трпам, и во изобилие да сум, и во немање.
13 Се можам преку Исуса Христа, Кој ме крепи.
14 Покрај сето тоа, добро направивте што зедовте учество во мојата скрб.
15 А знаете и вие, Филипјани, дека во почетокот на Благовестието, кога излегов од Македонија, немаше ниту една црква нешто да ми даде или нешто да примам освен од вас;
16 зашто и во Солун, еднаш, и по вторпат, ми пративте нужни работи.
17 Ова ви го велам не дека сакам да ми давате, туку го барам плодот, кој се умножува во ваша полза.
18 Добив сѐ и имам во изобилие, се пренаполнив со блага, кога го примив од вас испратениот дар преку Епафродит, кој е мирис сладок, жртва пријатна, благоугодна на Бога.
19 Мојот Бог, по Своето богатство, нека ја исполни секоја ваша потреба, за слава преку Христа Исуса.
20 А на Бога, нашиот Отец, слава во веки веков. Амин!
21 Поздравете го секој светија во Христа Исуса! Ве поздравуваат браќата, што се со мене.
22 Ве поздравуваат сите светии, а особено оние што се од домот ќесарев.
23 Благодатта на нашиот Господ Исуса Христа нека биде со сите вас. Амин!