Bible

Engage

Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Philippians 3

:
Macedonian - 1990
1 Но, браќа мои, радувајте се во Господа! Оти сѐ едно исто да ви пишувам, мене не ми е здодевно, а за вас тоа е сигурност.
2 Пазете се од кучињата, пазете се од лошите работници, пазете се од лажно обрезување,
3 зашто вистинското обрезување сме ние, кои со Духот Му служиме на Бога и се фалиме со Христа Исуса, и не се надеваме на телото,
4 иако јас можам да се надевам и на телото. Ако некој друг мисли да се надева на телото, тогаш уште повеќе јас,
5 кој сум обрезан во осмиот ден, од родот Израилев, од Венијаминовото колено, Евреин од Евреите, по закон фарисеј,
6 по ревност гонител на Божјата црква, според правдата на Законот непорочен.
7 Но тоа што беше за мене придобивка, поради Христа го сметав за штета.
8 Затоа сметам дека и сѐ друго е штета спрема преважното познавање на Христа Исуса, мојот Господ, поради Кого се одреков од сѐ, и се сметам за отпад, само за да Го придобијам Христа
9 и да се најдам во Него, не со својата од Законот праведност, туку со придобивката преку верата во Христа, односно со праведноста од Бога преку верата;
10 за да Го познавам Него, и силата на Неговото воскресение, и учеството во Неговите страдања, грижејќи се мојата смрт да биде слична со Неговата,
11 та некако да го достигнам воскресението на мртвите.
12 Велам така не затоа што веќе достигнав, или дека веќе постигнав совршенство, туку се стремам не би ли го достигнал она за кое Христос ме достигна мене.
13 Браќа, јас не мислам дека сум го достигнал тоа; но едно правам: го заборавам она што е зад мене, а се стремам кон она што е пред мене,
14 трчам кон целта кон наградата на горното призвание од Бога во Исуса Христа.
15 Ние, кои сме, пак, совршени, мислиме така; ако, пак, нешто инаку мислите, Бог и тоа ќе ви го открие.
16 А по она, до кое достигнавме, да бидеме едномислени и по истото правило да следуваме.
17 Подражавајте ме, браќа, мене и гледајте ги оние, што постапуваат според образецот, каков имате во нас.
18 Оти мнозина, за кои често сум ви зборувал, а сега дури и со солзи говорам, постапуваат како непријатели на крстот Христов;
19 нивниот крај е погибел, нивниот бог стомакот, а славата во нивниот срам; тие мислат за земните работи.
20 А нашето живеалиште е на небесата, од каде што Го очекуваме и Спасителот, нашиот Господ Исус Христос,
21 Кој ќе го преобрази нашето понизено тело така, што тоа ќе стане подобно на Неговото славно тело, со силата, преку која што Он може и да потчинува под Себе сѐ.