Bible

Simplify

Your Church Tech & Streamline Your Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Philippians 2

:
Macedonian - 1990
1 И така, ако во Христа има некаква утеха, ако има некоја утеха во љубовта, ако има општење со Духот, ако има некое милосрдие и сострадание,
2 исполнете ја радоста моја: бидете со едни мисли, имајќи една и иста љубов, и бидете еднодушни и едномислени;
3 не правете ништо од љубов кон препирање или за празна слава, но од понизност сметајте се еден друг за погорен од себеси!
4 Не грижете се секој само за себе, туку и за другите!
5 Бидејќи вие треба да ги имате истите мисли, што ги има Исус Христос,
6 Кој, иако беше во обличје Божјо, сепак не држеше многу до тоа што е еднаков со Бога;
7 но Сам Себе се понизи, откако зеде обличје на слуга и се изедначи со луѓето; и по вид се покажа како човек;
8 Сам се смири, откако стана послушен дури до самата смрт, и тоа смрт на крст.
9 Па затоа и Бог високо Го издигна и Му даде име, што е над секое име,
10 та во името на Исуса да ги преклони колената на сѐ што е небесно, земно и подземно,
11 и секој јазик да исповеда дека Исус Христос е Господ, за слава на Бога Отецот.
12 Затоа, возљубени мои, како што секогаш ме слушавте, не само во мое присуство, туку многу повеќе сега, кога сум отсутен, со страв и трепет градете го вашето спасение,
13 оти Бог е Оној, Кој во вас прави да сакате и да дејстувате според Неговата добра волја.
14 Правете сѐ без ропот и двоумење,
15 за да бидете прави и чисти, непорочни чеда Божји среде лош и расипан род, во кој светите како светила во светот,
16 имајќи го во себе словото на животот, за моја пофалба во денот Христов, дека не залудо трчав и не залудо се трудев.
17 Но, ако и се принесувам како жртва за служба на вашата вера, се радувам сам и се радувам со сите вас.
18 Така исто радувајте се и вие и зарадувајте ме!
19 А се надевам во Господа Исуса дека наскоро при вас ќе го пратам Тимотеја, та и јас, откако разберам како сте, да се утешам со духот.
20 Бидејќи немам никого еднаков со моите мисли, кој толку искрено би се грижел за вас,
21 оти сите го бараат своето, а не она на Исуса Христа;
22 а неговата исправност ви е позната: тој, како син кон татко, слугуваше заедно со мене при благовествувањето.
23 Него, пак, се надевам дека ќе го испратам веднаш, штом ќе узнаам, што ќе стане со мене;
24 а се надевам во Господа оти и сам скоро ќе дојдам при вас.
25 Најдов за потребно при вас да го испратам братот Епафродит, мој сотрудник и другар во војувањето, а ваш пратеник и помагач во потребите мои,
26 бидејќи тој копнееше да ве види сите вас и многу жалеше што сте чуле дека бил болен.
27 Зашто тој боледуваше дури до умирање; но Бог го помилува, и не само него, туку и мене, за да не ми се натовари жал врз жал.
28 Поради тоа го испратив поскоро, та, штом ќе го видите пак, да се израдувате, а јас да бидам помалку нажален.
29 Примете го, пак, во Господа со секаква радост, и такви почитувајте,
30 бидејќи за Христовото дело тој беше скоро на умирање, откако го презре својот живот, за да го дополни недостигот на вашата служба кон мене.