Bible

Connect

With Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Philippians 1

:
Macedonian - 1990
1 Од Павла и Тимотеја, слуги на Исуса Христа, до сите светии во Христа Исуса, што се во Филипи, со епископите и ѓаконите:
2 благодат и мир на вас од Бога, Отецот наш и од Господа Исуса Христа!
3 Му благодарам на мојот Бог секогаш, кога си спомнувам за вас,
4 во секоја моја молитва се молам со радост за сите вас –,
5 односно за вашето учество во Благовестието од првиот ден дури досега,
6 уверен во тоа дека Оној, Кој го започна во вас доброто дело, ќе го извршува дури до денот на Исуса Христа,
7 како што е и право да го мислам тоа за сите вас, оти ве имам на срце и кога сум во окови, и кога го бранам и утврдувам Благовестието, бидејќи сите вие сте ми соучесници во благодатта.
8 Бог ми е сведок колку многу ве сакам сите вас со љубовта на Исуса Христа.
9 И се молам вашата љубов сѐ повеќе и повеќе да изобилува преку познавањето и разбирањето на сѐ,
10 за да разликувате што е подобро, та да бидете чисти и беспрекорни во денот на Христа,
11 исполнети со плодови на правдата преку Исуса Христа, за слава и пофалба на Бога.
12 Сакам, браќа, да знаете дека тие работи, што ми станаа, ми помогнаа за поголем успех на Евангелието,
13 така што моите окови во Христа станаа познати на целата преторија и на сите други;
14 и повеќето од браќата на Господа, поттикнати од моите окови, почнаа посмело, без страв, да го проповедаат словото Божјо.
15 Некои, навистина, од завист и препирки, а други од добра волја Го проповедаат Христа;
16 едните, од желба да се препираат, Го проповедаат Христа нечисто, мислејќи дека ја увеличуваат тежината на моите окови;
17 другите, пак проповедаат од љубов, знаејќи дека јас сум поставен да го бранам Евангелието.
18 Но што од тоа? Како и да е, било дволично или искрено, Христос се проповеда; затоа се радувам и ќе се радувам,
19 оти знам дека тоа ќе ми послужи за спасение со вашата молитва и преку дејството на Духот на Исуса Христа,
20 како што очекувам со нетрпение и се надевам дека во ништо нема да се посрамам, но при секоја слобода, како секогаш, и сега ќе се возвеличи Христос во моето тело било преку животот, било преку смртта.
21 Оти за мене живот е Христос, а смртта придобивка.
22 Ако, пак, живеењето мое во тело ми придонесува плод на делото, тоа што да сакам повеќе, не знам.
23 Ме привлекува и едното и другото: сакам да умрам и да бидам со Христа, бидејќи тоа е многу подобро;
24 но да останам во телото е попотребно за вас.
25 Јас знам сигурно дека ќе останам и ќе пребивам со сите вас за ваш успех и радост во верата,
26 та пофалбата ваша во Христа Исуса да се умножува преку мене кога повторно ќе дојдам при вас.
27 Живејте само достојно за Христовото Евангелие, та, ако дојдам и ве видам, или отсуствувам, да чујам за вас дека стоите во еден дух, борејќи се еднодушно за евангелската вера,
28 и во ништо не плашете се од противниците; тоа е знак за нивната погибел, а вам за спасение. И тоа е од Бога.
29 Оти вам ви се даде дар поради Христа не само да верувате во Него, туку и да страдате за Него,
30 борејќи се со истиот подвиг, каков што видовте во мене и сега слушате за мене.