Bible

Designed

For Churches, Made for Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Mark 5

:
Macedonian - 1990
1 Премина отаде море, во страната Гадаринска.
2 И кога излезе Он од коработ, веднаш Го сретна еден човек од гробиштата со нечист дух.
3 Тој живееше во гробовите, и дури со вериги никој не можеше да го врзе;
4 оти многупати беше во окови и во вериги врзан, ама ги кршеше веригите и ги раскинуваше оковите, и никој не можеше да го скроти;
5 и секогаш, ноќе и дење, по гробиштата и по ридиштата викаше и се удираше со камења.
6 Штом Го виде Исуса оддалеку, притрча и Му се поклони.
7 Па, како извика со висок глас, рече: »Што имаш, Ти, со мене, Исусе, Сине на Севишниот Бог? Те заколнувам во Бога, не мачи ме!«
8 Зашто му беше рекол: »Дух нечисти, излези од човекот!«
9 И го праша: »Како те викаат?« А тој одговори и рече: »Легион ми е името, оти сме многу.«
10 И Го молеа многу да не ги пади од тој крај.
11 А таму, по ридот пасеше голем број свињи.
12 И сите бесови Го молеа и велеа: »Прати нѐ во свињине, да влеземе во нив.«
13 И Исус веднаш им позволи. Па, како излегоа, нечистите духови влегоа во свињите; и се гргнаа свињите по стрмнината во морето, а беа околу две илјади; и се издавија во морето.
14 А оние, што ги пасеа свињите, побегнаа и известија во градот и по околијата. И мнозина излегоа да видат што станало.
15 И дојдоа при Исуса, и го видоа бесниот како седи облечен, и со здрав ум, во кого имаше легион, и се уплашија.
16 А оние, кои беа виделе, раскажуваа што стана со бесниот и со свињите.
17 И почнаа да Го молат да си отиде од нивните краишта.
18 А кога влезе во коработ, оној, што беше порано бесен, Го помоли да биде со Него.
19 Исус не му позволи, но му рече: »Оди дома при своите, па раскажи им што ти направи Господ и како те помилува.«
20 Си отиде, и почна да раскажува по Десеттоградието што му направи Исус. И сите се чудеа.
21 А кога премина Исус со коработ пак на другата страна, при Него со собра многу народ. И беше покрај морето.
22 И ете, дојде еден од началниците на синагогата, по име Јаир; па, штом Го виде, падна пред нозете Негови
23 и Го молеше многу, говорејќи: »Ќерка ми е на умирање; дојди и положи ги рацете над неа, за да оздрави и биде жива!«
24 И појде со него. А по Него врвеше многу народ и Го притискаа.
25 Една жена, што страдаше од крвотечение дванаесет години,
26 и големи маки беше претрпела од мнозина лекари, потрошила сѐ што имала и никаква полза не видела, а ѝ станало дури уште полошо,
27 штом чу за Исуса, се приближи одзади меѓу народот и се допре до облеката Негова;
28 оти си велеше: »Само ако се допрам до облеката Негова, ќе оздравам!«
29 И веднаш престана крвотечението, и таа осети во телото свое дека е излекувана од болеста.
30 А Исус одеднаш почувствува во Себе како излезе сила од Него и се сврте кон народот па рече: »Кој се допре до облеката Моја?«
31 Учениците Негови Му рекоа: »Гледаш дека народот Те притиска, а прашуваш: Кој се допре до Мене?«
32 Но Он гледаше наоколу, за да ја види онаа, што го направи тоа.
33 Жената, пак, се уплаши и трепереше; па, знаејќи што стана со неа, се приближи, падна пред Него и Му ја кажа целата вистина.
34 А Он ѝ рече: »Ќерко, верата твоја те спаси; оди си со мир и биди здрава од болеста своја!«
35 Додека Он уште зборуваше, дојдоа од кај началникот на синагогата и рекоа: »Ќерка ти умре; што Му создаваш уште труд на Учителот?«
36 Но Исус, откако ги чу тие зборови, му рече: »Не бој се, а само верувај!«
37 И никому не му позволи да оди со Него, освен на Петра, на Јакова и на Јована, братот на Јакова.
38 Дојде во куќата на началникот на синагогата и виде смут, плачење и силно врискање.
39 И кога влезе, им рече: »Што сте се развикале и расплакале? Детето не е умрено, туку спие.«
40 А тие Му се потсмеваа. Он, пак, откако ги истера сите, ги зеде таткото и мајката на девојчето и оние што беа со Него, и влезе каде што лежеше девојчето.
41 И, кога ја фати раката на девојчето, рече: »Талита, куми!« што значи: »Девојко, тебе ти велам, стани!«
42 И девојката одеднаш стана, и почна да оди, бидејќи имаше дванаесет години. И сите се зачудија многу.
43 А Он строго им заповеда, никој да не разбере за тоа, и рече: »Дајте ѝ да јаде!«