Bible

Designed

For Churches, Made for Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Luke 6

:
Macedonian - 1990
1 Во првата сабота, по вториот ден од Пасха, намисли да мине преку нивјата и учениците Негови кинеа класје и, триејќи ги со раце, јадеа.
2 А некои од фарисеите им рекоа: »Зошто го правите тоа, што не бива да се прави во сабота?«
3 Исус им одговори и рече: »Зар не сте читале што направи Давид, кога огладне сам тој и оние што беа со него?
4 Како влезе во домот Божји, ги зеде лебовите од жртвеникот, што не требаше да ги јаде никој освен свештениците, па јадеше, и им даде на оние, што беа со него!«
5 И им рече: »Синот Човечки е господар и на саботата.«
6 Потоа, пак, и другата сабота влезе во синагогата и поучуваше; а таму имаше еден човек, кому десната рака му беше исушена.
7 Книжниците и фарисеите гледаа на Него, дали ќе го излекува во сабота, за да Го обвинат.
8 Но Он, знаејќи ги нивните помисли, му рече на човекот со исушената рака: »Дигни се и застани насреде!« И тој се дигна и застана,
9 Тогаш им рече Исус: »Ќе ве запрашам: што е позволено да прави човек во сабота добро или зло? Да спаси ли една душа или да ја погуби?« А тие молчеа.
10 Па, откако ги изгледа сите му рече на човекот: »Протегни ја раката своја!« Тој направи така; и раката му стана здрава како другата.
11 А оние се разгневија многу и се советуваа помеѓу себе, што да Му направат на Исуса.
12 Тие денови се искачи на една гора, за да се помоли, и ја помина целата ноќ во молитва кон Бога.
13 А кога настана ден, ги повика учениците Свои и од нив избра дванаесет, кои ги нарече и апостоли:
14 Симона, кому што му даде и име Петар, и брата му Андреја, Јакова и Јована, Филипа и Вартоломеја,
15 Матеја и Тома, Јакова Алфеев и Симона, наречен Зилот,
16 Јуда Јаковов и Јуда Искариот, кој Го и предаде.
17 Па како слезе заедно со нив, Он се задржа на едно рамно место; беа таму и мнозина Негови ученици и многу луѓе од цела Јудеја и Ерусалим, и од приморјето Тирско и Сидонско,
18 кои беа дошле да Го чујат и да се исцелат од болестите свои, како и оние што страдаа од нечисти духови; и се излекуваа.
19 И сиот народ сакаше да се допре до Него, зашто од Него излегуваше сила и ги лекуваше сите.
20 А Он, како ги подигна очите кон учениците Свои, им говореше: »Блажени сте вие, сиромашните, зашто ваше е царството Божјо!
21 Блажени сте вие, што сега гладувате, оти ќе се наситите! Блажени сте вие, кои сега плачете, оти ќе се насмеете!
22 Блажени ќе бидете, кога ќе ве намразат луѓето, и ќе ве одделат и похулат, и го исфрлат името ваше како лошо, заради Синот Човечки!
23 Зарадувајте се во оној ден и развеселете се, оти голема е наградата ваша на небесата. Зашто така постапуваа со пророците и нивните татковци!
24 Но тешко вам, богати, зашто веќе сте ја примиле својата утеха!
25 Тешко вам, преситени сега, оти ќе огладните! Тешко вам што се смеете сега, зашто ќе заридате и ќе заплачете!
26 Тешко вам, кога ќе почнат сите луѓе да зборуваат добро за вас. Зашто така им правеа на лажните пророци и нивните татковци!
27 Но вам, што слушате, ви велам: љубете ги непријателите свои; правете им добро на оние што ве мразат;
28 благословувајте ги оние што ве навредуваат!
29 На оној, што ќе те удри по едниот образ, заврти му го и другиот; а на оној, што сака да ти ја земе горната облека, подај му ја и кошулата.
30 Секому, кој ти бара, подај; а од оној, што зема од тебе нешто, не сакај да ти врати!
31 Па, како што сакате да постапуваат луѓето со вас, така постапувајте и вие со нив!
32 И ако ги сакате оние, што вас ве љубат, каква ви е наградата? Зашто и грешниците ги милуваат оние, што ги сакаат нив.
33 И ако им правите добро на оние, што вам ви прават добро, каква ви е наградата? Оти и грешниците го прават тоа.
34 И ако им давате заем на оние, од кои се надевате дека ќе ви го вратат, каква ви е наградата? Зашто и грешниците им даваат заем на грешници, за да им се врати истото.
35 Туку вие љубете ги непријателите ваши и чинете добро, и на заем давајте, не очекувајќи ништо. Така, ќе биде голема наградата ваша и ќе бидете синови на Севишниот; зашто и Он е добар кон неблагодарните и кон лошите.
36 И така, бидете милостиви како што е милостив вашиот Отец.
37 Не судете и нема да бидете судени; и не осудувајте, за да не бидете осудени; проштавајте и ќе ви биде простено;
38 давајте и ќе ви се даде: мерка добра, набиена, натресена и преполнета ќе ви дадат в раце; оти со каква мерка мерите, со таква и ќе ви се мери.«
39 И им кажа парабола: »Може ли слепец слепец да води? Не ќе паднат ли обајцата во јама?
40 Нема ученик поголем од својот учител; но секој, што ќе се усоврши, ќе биде како и учителот негов.
41 И зошто ја гледаш раската во окото на брата си, а гредата во своето око не ја забележуваш?
42 Или, како можеш да му кажеш на својот брат: позволи, брате, да ти ја извадам раската од окото твое, кога сам не ја гледаш гредата во своето око? Лицемере, извади ја најнапред гредата од своето око, па тогаш ќе видиш како да ја извадиш раската од окото на брата си.
43 Оти, нема добро дрво што дава лош плод, ниту лошо дрво, што дава добар плод.
44 Секое, пак, дрво се познава според својот плод; бидејќи не се берат смокви од трње, ниту се бере грозје од капина.
45 Добриот човек од доброто сокровиште на своето срце изнесува добро, а лошиот човек од лошото сокровиште на своето срце изнесува лошо; оти, од преполнето срце зборува устата негова.
46 И зошто ми велите: ‚Господи, Господи!‘ а не го извршувате она што ви го кажувам?
47 Секој што иде при Мене и ги слуша зборовите Мои, и ги исполнува, ќе ви кажам на кого прилега.
48 Тој прилега на човек, кој прави куќа, па ископа и продлабочи, и постави темели на камен; а кога настана наводнение, реката напна на таа куќа и не можеше да ја помести, оти беше основана на камен.
49 А оној што слуша и не исполнува, прилега на човек, што направил куќа на земја, без темели; и кога напна реката, веднаш ја урна, и паѓањето на таа куќа беше големо.«