Bible

Create

Inspiring Presentations Without Hassle

Try Risen Media.io Today!

Click Here

Judges 14

:
Macedonian - 1990
1 И отиде Самсон во Тамната и виде во Тамната мома од филистејските ќерки.
2 Тој отиде и им јави на татка си и на мајка си и рече: »Видов во Тамната девојка од филистејските ќерки; земете ми ја за жена«.
3 Татко му и мајка му рекоа: »Зар нема мома меѓу ќерките на браќата твои и во сиот народ, па одиш да земеш жена од необрезаните Филестејци?« А Самсон му одговори на татка си: »Неа земи ја за жена, бидејќи таа ми се свиде.«
4 Татко му и мајка му на знаеја дека тоа е од Господа, и дека тој бара случај да им се одмазди на Филистејците. Во тоа време Филистејците владееја над Израилот.
5 И отиде Самсон со татка си и мајка си во Тамната, и кога се приближуваа до Тамнатските лозја, ете еден млад лав, рикајќу му доаѓа во пресрет.
6 И Духот Господов слезе врз него, и тој го раскина лавот како јаре; а во раката негова немаше ништо. И не им кажа на татка си и мајка си, што направи.
7 И дојде и поразговара со девојката, и таа му се допадна на Самсона.
8 По неколку дена, тој пак отиде, за да ја земе, и наврати да го види трупот на лавот, и ете, рој пчели на трупот од лавот и мед.
9 Тој зеде од медот во рацете свои, тргна и јадеше по патот; и кога дојде кај татка си и мајка си, им даде и ним, и тие јадеа; но не им кажа дека тој мед го зел од трупот на лавот.
10 Дојде и татко му кај девојката, и таму Самсон приреди седумдневна гозба, како што обично прават младоженците.
11 И штом го видоа таму, избраа триесет брачни другари, кои ќе бидат при него.
12 И им рече Самсон: »Ќе ви поставам една гатанка: ако ми ја одгатнете во текот на седумте дена на гозбава и ја погодите точно, ќе ви дадам триесет кошули и триесет промени;
13 ако, пак, не можете да ја одгатнете, вие ќе ми дадете триесет кошули и триесет промени.« Тие му рекоа: »Постави ја гатанката, да ја чуеме.«
14 И им рече: »Од јадачот излезе јадење, и од силниот излезе слатко.« И три дена не можеа да ја одгатнат гатанката.
15 На седмиот ден тие ѝ рекоа на Самсоновата жена: »Потсети го мажот твој, да ни ја одгатне гатанката; инаку ќе те изгориме со оган тебе и домот на таткото твој; зар нѐ поканивте да нѐ оберете.«
16 И плачеше пред Самсона жената негова, велејќи: »Ти ме мразиш и не ме сакаш; ти им зададе гатанка на синовите на мојот народ, а мене не ми ја одгатнуваш.« Тој ѝ рече: »На татко ми и на мајка ми јас не им ја одгатнав, на тебе ли да ти ја кажам?«
17 И плачеше таа пред него седум дена, додека траеше гоштевањето нивно. Најпосле на седмиот ден тој ѝ ја одгатна, бидејќи таа упорно го молеше. А таа им ја кажа гатанката на синовите на својот народ.
18 И на седмиот ден пред зајдисонце му рекоа граѓаните: »Што е послатко од мед, и што е посилно од лав?« Тој им рече: »Да не бевте орале со мојата јунечка, немаше да ја одгатнете гатанката моја.«
19 И Духот Господов слезе врз него, и тој отиде во Аскалон, каде што уби триесет души, ги соблече од нив алиштата, им ги даде промените на оние, што ја беа одгатнале гатанката; и се расрди многу, па отиде во куќата на таткото свој.
20 А жената на Самсон се омажи за неговиот свадбен другар, кој му беше пријател.