Bible

Power Up

Your Services with User-Friendly Software

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Judges 15

:
Macedonian - 1990
1 По неколку дена, по жетвата на пченицата, дојде Самсон да се види со жена си, донесувајќи со себе едно јаре; и кога рече: »Ќе влезам при жена си во спалната«, татко ѝ не му дозволи да влезе.
2 И рече татко н: »Јас помислив дека ти си ја намразил, па ја дадов на пријателот твој; ете, помалата сестра е поубава од неа; таа нека биде твоја неместо неа.«
3 Тогаш Самсон рече: »Сега ќе бидам прав пред Филистејците, ако им сторам зло.«
4 И отиде Самсон и улови триста лисици и, откако зеде свеќи, врза опашка за опашка и врза една свеќа меѓу две опашки;
5 ги запали свеќите, и ги пушти лисиците во посевите филистејски та ги изгоре крстините и неожнеаното жито, и лозјата и маслиновите градини.
6 И се прашуваа Филистејците: »Кој го направи тоа?« И рекоа: »Самсон, зетот на тимнатеецот, бидејќи тој му ја одзеде жената и ја даде на другарот негов.« Тогаш Филистејците отидоа и ја изгорија со оган неа и домот на татко н.
7 Самсон им рече: »Иако го сторивте тоа, јас пак ќе ви се одмаздам и само тогаш ќе се успокојам.«
8 И тој им ги скрши колената до бедрата, и отиде па заседна во пештерата кај карпата Итам.
9 Тогаш станаа Филистејците и се улогорија во Јудеја, па се раширија дури до Лехи.
10 А жителите на Јудеја запрашаа: »Зошто излеговте против нас?« Тие одговорија: »Дојдовме да го врземе Самсона, за да постапиме со него онака како што тој постапи со нас.«
11 И три илјади души Јудејци отидоа до пештерата кај карпата Итам и му рекоа на Самсона: »Зар не знаеш дека Филистејците владеат над нас? Што ни направи?« Тој им одговори: »Како што постапија тие со мене, така постапив и јас со нив.«
12 Тие му рекоа: »Дојдовме да те врземе, за да те предадеме во рацете на Филистејците.« А Самсон им рече: »Заколнете се дека нема да ме убиете.«
13 Тие му одговорија: »Не, ние само ќе те врземе и ќе те предадеме во рацете нивни, а што се однесува до убивањето, нема да те убиеме.« И го врзаа со две нови јажиња и го одведоа од пештерата.
14 Кога се приближи до Лехи, Филистејците го пресретнаа со радосно викање. И Духот Господов слезе врз него, и јажињата на рацете негови станаа како изгорен лен, и врските паднаа од рацете негови.
15 Па најде пресна ослина челуст, ја протегна раката, и ја зеде и уби со неа илјада души.
16 И рече Самсон: »Со ослина челуст убив толку, двапати по толку, со ослина челуст убив илјада души.«
17 Откако го рече тоа, ја фрли челуста од раката своја и го нарече тоа место: »Рамат-Лехи.«
18 Тогаш почувствува силна жед; викна кон Господа и рече: »Ти го изврши со раката на Твојот слуга ова големо избавување; но сега ќе умрам ли од жед или ќе паднам во рацете на необрезаните.«
19 И Бог ја расцепи карпата во Лехи, и потече вода од неа. Тој се напи, духот му се поврати и оживе; затоа беше наречено тоа место: »Извор на оној што се моли«, што е во Лехи и до ден денес.
20 И тој беше судија над Израилот во дните на Филистејците дваесет години.