Bible

Elevate

Your Sunday Morning Worship Service

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Jonah 3

:
Macedonian - 1990
1 И повторно дојде словото Господово до Јона, велејќи му:
2 »Стани и појди во градот Ниневија, големиот град и проповедај му го она што ќе ти кажам.«
3 Стана Јона и отиде во Ниневија по заповед на Господа; а Ниневија беше многу голем град: три дена одење.
4 И Јона почна да оди по градот, колку што можеше да се изоди за еден ден, и проповедаше, велејќи: »Уште четириесет дена и Ниневија ќе биде разурната!«
5 И поверуваа ниневијците во Бога, прогласија пост и се облекоа во вреќи, мало и големо.
6 Таа проповед дојде и до царот на Ниневија, и тој стана од престолот свој, ја соблече царската облека, се облече во вреќиште и седна во пепел,
7 па заповеда да се прогласи и да се каже во Ниневија од името на царот и од неговите големци ни луѓето, ни добитокот, ни воловите, ниту овците да не јадат ништо и да не одат на пасење и да не пијат;
8 и луѓето и добитокот да бидат покриени со вреќишта и силно да извикуваат кон Бога: секој да се откаже од својот лош пат и од насилството на рацете свои.
9 Кој знае можеби Бог ќе се смилостиви и ќе го отфрли од нас својот разгорен гнев, и така да не загинеме.
10 И ги виде Бог нивните дела, оти тие се одвратија од својот лош пат, па се сожали на злото, за кое беше рекол дека ќе го нафрли врз нив, и не го нафрли.