Bible

Create

Inspiring Presentations Without Hassle

Try Risen Media.io Today!

Click Here

Jonah 2

:
Macedonian - 1990
1 И му заповеда Господ на еден голем кит да го проголта Јона; и Јона остана во утробата на тој кит три дена и три ноќи.
2 Му се помоли Јона на својот Господ Бог од утробата на китот,
3 па рече: »Кон Господа повикав во мојата неволја Он ме чу; извикав од утробата на пеколот и Ти го чу гласот мој.
4 Ти ме фрли во длабините, во срцето на морето, и вода ме опколуваше, и сите води Твои и бранови Твои минеа преку мене.
5 Тогаш реков: Отфрлен сум од очите Твои, но сепак, ќе ја видам светињата Твоја.
6 Ме притиснаа водите до душата моја, бездната ме затвори; со трева морска главата моја е обвиена.
7 Слегнав до основите на планините, земјата со резињата свои за навек ме затвори, но Ти, Господи, Боже мој, ќе ја изведеш душата моја од пеколот.
8 Кога изнемогна душата моја, се сетив на Господа, и молитвата моја стигна до Тебе, до светиот храм Твој.
9 Оние, кои почитуваат лажни богови, Го оставија својот Милосрден,
10 но јас со похвален глас ќе Ти принесам жртва; она што сум го ветил, ќе го исполнам. Во Господа е спасението!«
11 Тогаш му заповеда Господ на китот, и тој го исфрли Јона на суво.