Bible

Create

Inspiring Presentations Without Hassle

Try Risen Media.io Today!

Click Here

Jonah 4

:
Macedonian - 1990
1 Поради тоа Јона многу се огорчи и вознегодува.
2 Па Му се помоли на Господа и рече: »О, Господи, зар не го велев тоа уште додека бев во земјата своја? Та затоа и побегнав во Тарсис, оти знаев дека Ти си Бог добар и милосрден, долготрпелив и многумилостив, па ќе се сожалиш за бедата.
3 А сега, Господи, земи ја душата моја од мене, зашто подобро е да умрам отколку да живеам.«
4 Господ, пак, му рече: »Зошто тоа толку многу те огорчи?«
5 Тогаш Јона излезе од градот, па седна од источната страна, и таму си направи сеница и се смести во неа под ладовина, за да види што ќе стане со градот.
6 Господ Бог нареди сега да израсне растение над главата на Јона, за да има над главата сенка, и да го избави од огорчението негово. Јона многу му се зарадува на тоа растение.
7 И нареди Господ, вториот ден, кога зората се зазори, црви да ја подгризат тиквата, и таа се исуши.
8 А кога изгреа сонцето, испрати Бог врел источен ветар, и сонцето почна да ја вжештува главата на Јона, така што тој изнемоште толку што се помоли да умре, велејќи: »Подобро е да умрам отколу да живеам.«
9 А Бог му рече тогаш на Јона: »Па зар е добро тоа што се лутиш заради растението?« А тој одговори: »Многу сум лут, лут сум дури до смрт!«
10 Тогаш Господ рече: »Тебе ти е жал за едно растение, за кое ти не си се трудел, ниту си го одгледувал, и кое за една ноќ израсна и се исуши,
11 а Мене да не Ми е жал за Ниневија, за овој голем град, во кој живеат повеќе од сто и дваесет илјади души, кои не можат да ја разликуваат десната рака од левата, а и за многу добиток?«