Bible

Designed

For Churches, Made for Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

John 3

:
Macedonian - 1990
1 Меѓу фарисеите беше еден човек по име Никодим, кнез јудејски.
2 Тој дојде при Исуса ноќно време и Му рече: »Рави! Знаеме дека си Ти учител, дојден од Бога, зашто никој не може да ги прави овие чудеса, што ги правиш Ти, ако не е со него Бог.«
3 Му одговори Исус и рече: »Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди одозгора, не може да го види царството Божјо.«
4 Никодим Му рече: »Како може човек да се роди, кога е стар? Зар може по вторпат да влезе во утробата на мајка си и да се роди?«
5 А Исус му одговори: »Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во царството Божјо;
6 зашто, роденото тело од тело, тело е; а роденото од Дух, дух е.
7 Затоа, не чуди се што ти реков: вие треба да се родите одозгора.
8 Ветрот дува каде што сака и гласот негов го слушаш, но не знаеш од каде иде и на каде оди; така е со секој човек роден од Дух.«
9 Никодим Му одговори и рече: »Како може тоа да биде?«
10 Исус одговори и му рече: »Ти си учител Израилев, па тоа ли не го знаеш?
11 Вистина, вистина ти велам: ние зборуваме за она, што знаеме, и сведочиме за она, што сме виделе; а вие нашето сведоштво не го примате.
12 Кога за земни работи ви зборував и не верувавте, како ќе поверувате, ако би ви говорел за небесните?
13 Никој не се искачи на небото, освен Синот Човечки, Кој слезе од небото и Кој пребива на небото.
14 И како што Мојсеј ја подигна змијата во пустината, така треба да се издигне и Синот Човечки,
15 та секој што верува во Него, да не загине, но да има живот вечен.
16 Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него, да не погине, но да има живот вечен.
17 Оти Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него.
18 Кој верува во Него нема да биде суден, а кој не верува, тој е веќе осуден, оти не поверувал во името на Единородниот Син Божји.
19 А овој суд е за тоа што Светлината дојде на светот, но на луѓето им омиле повеќе мракот отколку светлината, оти нивните дела беа лоши.
20 Зашто секој, што прави зло, ја мрази светлината и не оди кон светлината, за да не бидат осудени неговите дела, оти се лукави.
21 А оној што твори вистина, оди кон светлината, за да се видат неговите дела, бидејќи се по Бога извршени.«
22 Потоа дојде Исус со учениците Свои во земјата Јудејска, и таму живееше со нив и крштаваше.
23 А Јован крштаваше во Енон, близу Салим, зашто таму имаше многу вода; и доаѓаа и се крштаваа,
24 оти Јован уште не беше фрлен в затвор.
25 Тогаш настана расправија меѓу учениците Јованови и Јудејците околу очистувањето.
26 И дојдоа при Јована и му рекоа: »Учителе, Оној што беше со тебе отаде Јордан и за Кого ти сведочеше, ете, Он крштава и сите одат при Него.«
27 А Јован одговори и рече: »Не може човек ништо да прими, ако не му е дадено од небото.
28 Вие сами сте мои сведоци дека реков: ‚Јас не сум Христос, но сум испратен пред Него.‘
29 Оној што има невеста, младоженец е; а пријателот на младоженецот, кој стои и слуша, многу се радува на гласот од младоженецот. Оваа, пак, моја радост се исполни.
30 Он треба да расте, а јас да се смалувам!
31 Кој доаѓа одозгора, тој е над сите; а кој е од земјата, земен е и како земен зборува. Кој доаѓа од небото, над сите е.
32 И за она што виде и чу, за тоа сведочи; и сведоштвата Негови никој не ги прима.
33 Кој го примил Неговото сведоштво, потврдил дека Бог е вистинит.
34 Кого, пак, Бог испратил, он кажува Божји зборови; оти Бог не Го дава Духот со мерка.
35 Зашто Отецот Го љуби Својот Син и сѐ Му даде во раката Негова.
36 Кој верува во Синот, има живот вечен; а кој не верува во Синот, нема да види живот, но гневот Божји ќе биде врз него.«