Bible

Power Up

Your Services with User-Friendly Software

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

John 1

:
Macedonian - 1990
1 Во почетокот беше Словото, и Словото беше во Бога, и Бог беше Словото.
2 Тоа во почетокот беше во Бога.
3 Сѐ стана преку Него и без Него ништо не стана, што стана.
4 Во Него имаше Живот и Животот им беше светлина на луѓето.
5 И Светлината во темнина свети и мракот на ја опфати.
6 Имаше еден човек по име Јован, пратен од Бога;
7 тој дојде за сведоштво, да сведочи за Светлината, та сите да поверуваат преку него.
8 Тој не беше Светлина, туку да сведочи за Светлината.
9 Постоеше вистинска Светлина, Која го просветлува секој човек, што доаѓа на светов.
10 Во светот беше и светот преку Него стана, но светот не Го позна.
11 Дојде при Своите и Своите не Го примија.
12 А на сите што Го примија на сите што веруваа во Неговото име им даде можност да станат синови Божји:
13 кои не од крв, ни од похот машка, а од Бога се родија.
14 И Словото стана тело и се всели во нас, полно со благодат и вистина; и ние ја видовме Неговата слава, слава како на Единороден од Отецот.
15 Јован сведочеше за Него и велеше зборувајќи: »Овој е за Кого реков: Оној, Кој иде по мене, ме испревари, оти постоеше порано од мене!«
16 И од Неговата полнота ние сите примивме благодат врз благодат;
17 зашто Законот беше даден преку Мојсеја, а благодатта и вистината произлегоа од Исуса Христа.
18 Бога никој никогаш не Го видел; Единородниот Син, Кој е во крилото на Отецот Он Го објави.
19 И тоа е сведоштвото на Јована, кога Јудејците испратија од Ерусалим свештеници и левити за да го прашаат: »Кој си Ти?«
20 Тој призна и не одрече, а објави: »Не сум јас Христос.«
21 И го прашаа: »А што си? Илија ли си ти?« Одговори: »Не сум.« »Пророк ли си?« И одговори: »Не.«
22 А тие Му рекоа: »Па кој си, за да можеме да им одговориме на оние, што нѐ испратија; што велиш за себе?«
23 Тој рече: »Јас сум глас на оној што вика во пустината: израмнете го патот на Господа,« како што вели пророкот Исаија.
24 А испратените беа од фарисеите;
25 И го запрашаа, велејќи: »Зошто тогаш крштаваш, кога не си Христос, ни Илија, ниту пророк?«
26 Јован им одговори и рече: »Јас крштавам со вода, но меѓу вас стои Еден, Кого вие не Го познавате.
27 Он е Оној што иде по мене, Кој беше пред мене, и Кому јас не сум достоен да Му ги одврзам ремењата од обувките Негови.«
28 Ова се случи во Витавара, отаде Јордан, каде што крштаваше Јован.
29 На другиот ден, Го виде Јован Исуса како доаѓа при него и рече: »Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе!
30 Овој е, за Кого реков: по мене иде Човек, Кој пред мене беше, оти постоеше порано од мене.
31 Јас не Го познавав, но дојдов да крштавам со вода, за да биде Он објавен на Израилот.«
32 И сведочеше Јован, велејќи: »Го видов Духот да слегува од небото како гулаб и остана над Него.
33 Јас не Го познавав, но Оној, што ме прати да крштавам со вода, ми рече: ‚Врз Кого видиш да слегува Духот и да останува над Него, Тој е, Кој ќе крштава со Дух Свети.‘
34 И јас видов и посведочив, дека е Овој Син Божји.«
35 А на другиот ден, пак, стоеше Јован и двајца од неговите ученици.
36 И штом Го виде Исуса да врви, рече: »Еве Го Јагнето Божјо!«
37 Кога ги чуја од него тие зборови, обата ученика отидоа по Исуса.
38 А Исус, кога се сврти и виде дека одат по Него, им рече: »Што барате?« Тие Му одговорија: »Рави (што значи Учителе) каде живееш?«
39 Им рече: »Дојдете и видете!« Тие отидоа и видоа каде живее; и останаа тој ден при Него. Беше околу десеттиот час.
40 А еден од двајцата, што беа чуле за Исуса и беа тргнале по Него, беше Андреј братот на Симона Петра.
41 Тој прв го најде брата си Симона и му рече: »Го најдовме Месија, кое значи: Христос!«
42 И го одведе при Исуса. А Исус, кога го погледа, му рече: »Ти си Симон, син Јонин; ти ќе се наречеш Кифа, што значи: Петар камен.«
43 На другиот ден Исус намисли да отиде во Галилеја и го најде Филипа, па му рече: »Врви по Мене!«
44 И Филип беше од Витсаида, од градот на Андреја и Петра.
45 Филип го најде Натанаила и му рече: »Го најдовме Исуса, синот Јосифов од Назарет, за Кого пишуваше Мојсеј во Законот, и Пророците!«
46 А Натанаил му рече: »Може ли нешто добро да излезе од Назарет?« Филип му одговори: »Дојди и види!«
47 Исус, пак, кога го виде Натанаила да иде при Него, рече: »Еве вистински Израилец, во кого нема лукавство.«
48 Натанаил Му рече: »Од каде ме познаваш?« Исус му одговори и рече: »Уште пред да те повика Филип, кога беше под смоквата, Јас те видов.«
49 Му одговори Натанаил и рече: »Рави! Ти си Син Божји, Ти си Царот Израилев!«
50 А Исус, одговарајќи, му кажа: »Веруваш, оти ти реков дека те видов под смоквата; ќе видиш повеќе од ова.«
51 И пак рече: »Вистина, вистина ви велам: отсега ќе го гледате небото отворено и ангелите Божји како се искачуваат и слегуваат над Синот Човечки.«