Bible

Create

Inspiring Presentations Without Hassle

Try Risen Media.io Today!

Click Here

Job 41

:
Macedonian - 1990
1 »Ете, надежта е суетна. Нема ли да паднеш само од еден негов поглед?
2 Нема толку силен кој би се осмелил да Ме обеспокои; и кој може да опстане пред Моето лице?
3 Кој Ми дал нешто порано, та Јас да му вратам? Под целото небо сѐ е Мое.
4 Нема да премолчам за деловите негови, за силата и нејзината убава сразмерност.
5 Кој може да ја одгрне горната облека негова, кој ќе се приближи до двојните челусти негови?
6 Кој може да ја отвори вратата на лицето негово? Забите негови наоколу се ужас.
7 јаките штитови негови великолепие; тие се зацврстени како со тврд печат;
8 еден до друг се допираат толку блиску, така што и воздух не минува меѓу нив;
9 еден до друг стојат збиени, слепени се и не се размесуваат.
10 Кога кива, испушта светлина; очите му се како зраци на зората:
11 од устата негова излегуваат пламени јазици, излегуваат огнени искри;
12 од ноздрите негови излегува пара, како од зовриено грне или котел.
13 Здивот негов е разгорен јаглен, а од устата негова излегува пламен.
14 На вратот негов сила престојува, и пред него ужас трча.
15 Месестите делови на телото му се сплотени силно меѓу себе, не мрдаат.
16 Срцето му е цврсто како камен, кораво како долен воденички камен.
17 Кога се подига, јунаци треперат, сосема се губат од ужас.
18 Кој меч ќе се допре до него, не издржува; не издржува ни копје, ни кратко копје, ни оклоп.
19 Железото го смета за слама, бакарот за гнило дрво.
20 Стрелата ни лакот нема да го подгони; камењата од праќката во плева се претвораат за него.
21 Боздоганот за него е како сламка; над пиштењето од стрелата тој се смее.
22 Под него има остри камења, и тој лежи врз остри камења во калта.
23 Он прави морската длабочина да врие како котел, морето го претвора во зовриена маст;
24 зад себе остава светла трага; бездната изгледа како бело руно.
25 На земјата нема сличен на него: он е создаден бестрашен;
26 на сѐ, што е високо, гледа смело; он е цар над сите синови на гордоста.«