Bible

Elevate

Your Sunday Morning Worship Service

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Job 40

:
Macedonian - 1990
1 Му одговори Господ на Јова од луњата и му рече:
2 »Препаши ја како маж половината своја: Јас ќе те прашувам, а ти објаснувај Ми.
3 Мојот суд ли сакаш да го собориш, да Ме обвиниш, а себеси да се оправдаш?
4 Таква ли е твојата мишка, како на Бога? И можеш ли како Него да згрмиш со гласот свој?
5 Тогаш украси се со величие и слава, облечи се во болскот и великолепие;
6 излеј ја јароста не гневот свој, погледај сѐ што е гордо и смири го;
7 погледај ги сите поносни и понизи ги, сотри ги безбожниците на местата нивни;
8 закопај ги сите во земја и покри ги лицата нивни со темнина.
9 Тогаш и Јас ќе признаам, дека твојата десница може да те спасува.
10 Ете слонот, што сум го создал, како и тебе; тој јаде трева како вол;
11 а силата негова е во бедрата негови, јачината негова во мускулите е на стомакот негов;
12 ја размавтува опашката своја како кедар, а жилите на бедрата негови се како железни стапови;
13 нозете негови изгледаат како бакарни труби; коските негови како железни прачки;
14 тоа е врвот на Божјите патишта: само Оној Кој го создал, може да го приближи мечот Свој до него;
15 горите негови му принесуваат храна, таму сите полски ѕверови играат;
16 тој си легнува под сенчести дрвја, меѓу трски и во глиб;
17 сенчестите дрвја го покриваат со сенката своја; врби крај потоците го опкружуваат;
18 ете, тој ја задржува реката за да пие и не брза; си останува спокоен, дури и кога би посакал Јордан да потече кон устата негова.
19 Ќе го фати ли некој јавно и ќе му го продупчи ли носот негов со кука?
20 Можеш ли со јадица да излвлечеш слон и со врвца да го врзеш за јазикот?
21 Ќе вовреш ли алка во ноздрите негови? Ќе ја прободеш ли со шило челуста негова?
22 Ќе ти се моли ли многу и ќе ти говори ли кротко?
23 Ќе направи ли договор со тебе, ќе го земеш ли засекогаш како слуга свој?
24 Ќе се забавуваш ли со него како со птичка, и ќе го врзеш ли заради девојченцата свои?
25 Ќе го продаваат ли другарите како лов, ќе го делат ли меѓу хананејските трговци?
26 Можеш ли да му ја продупчиш кожата негова со копје и главата негова со рибарска вила?
27 Стави ја на него раката своја и помни за борбата; оти во иднина не ќе смееш.«