Bible

Transform

Your Worship Experience with Great Ease

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Jeremiah 8

:
Macedonian - 1990
1 Во тоа време, вели Господ, ќе ги исфрлам од гробовите коските на царевите на Јуда, и коските на кнезовите негови, и коските на свештениците, и коските на пророците, и коските на жителите ерусалимски.
2 И ќе ги расфрлат пред сонцето и месечината и пред сета небесна војска, кои тие ги сакаа, на кои им служеа и по кои одеа, кои ги бараа и на кои им се поклонуваа; тие нема да се соберат и нема да се погребат; тие ќе бидат ѓубре на земјата.
3 И ќе претпочитаат смрт пред живот сите оние, што ќе останат од тоа лошо племе по сите страни, каде што Јас ќе ги изгонам, вели Господ Саваот.
4 И кажи им уште; вака вели Господ: зар паднатите не стануваат, и оние што скршнале од патот не се враќаат?
5 Зошто се свртил овој народ ерусалимски? Тие се држат цврсто за измамата и не сакаат да се обрнат.
6 Јас набљудував и слушав: тие не говорат право, никој не се кае за злото свое, никој не вели: ‚што направив;‘ секој тргнал по својот пат како коњ, што се впушта во бој.
7 И штркот под небото ги знае своите определени времиња; гугутката, ластовицата и жеравот го пазат времето, кога мораат да се вратат, а Мојот народ, не знае за судот Господов.
8 Како зборувате: »ние сме мудри, и законот Господов е во нас?« А, ете, лажливото перо на книжниците и него го претвораат во лага.
9 Се посрамија мудрите, се вознемирија и се заплеткаа во мрежа: ете, тие го отфрлија словото Господово; каде е тогаш нивната мудрост?
10 Заради тоа жените нивни ќе им ги дадам на други, нивите нивни на туѓинци, зашто сите тие, од мал до голем, се предадоа на користољубие; од пророк до свештеник сите дејствуваат лажливо.
11 Зашто, лекувајќи ја лесномислено раната на ќерката на Мојто народ, велит: »мир, мир«, а мир нема.
12 Срам ли им е, кога вршат гадотии? Не, воопшто не им е срам и не црвенеат. Затоа ќе паднат меѓу паднатите; кога ќе ги посетам, тие ќе бидат соборени, вели Господ.
13 Наполно ќе ги оберам, вели Господ; нема да остане ни еден грозд на лоза, ни смоква на смоквата, ќе паднат и лисјата, и она што сум им го дал, ќе се одземе од нив.
14 »Зошто стоиме? Собирајте се, да одиме во утврдените градови и таму да загинеме; зашто Господ, нашиот Бог, определил да загинеме и ни дава да пиеме вода со жолчка, затоа што згрешивме пред Господа.«
15 Очекуваме мир, но нема ништо добро, време за оздравување, а ете ужаси.
16 Од Дан се слуша фркање на коњите негови, од 'ржењето на пастувите негови трепери целата земја; ќе дојдат и ќе ја опустошат земјата и сѐ што има на неа, градот и оние што живеат во него.
17 Зашто, ете, Јас ќе испратам против вас змии, отровници, против кои бајачка нема, и тие ќе ве каснуваат, вели Господ.
18 Сакам да се утешам во тагата своја, но срцето ми е малаксано.
19 Ете, слушам од далечна земја пискот од ќерката на Мојот народ: »зар нема Господ на Сион? Зар Царот негов не е таму? Зошто ме разгневија со своите резани ликови, на туѓи адети.«
20 Мина жетвата, сврши летото, а ние не се избавивме.
21 Поради уништувањето на ќерката на Мојот народ и јас сум уништен, одам нажален, ужас ме обзема.
22 Зар нема балсам во Галад? Зар таму нема лекар? И зошто нема лек за ќерката на Мојот народ?