Bible

Say Goodbye

To Clunky Software & Sunday Tech Stress!

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Jeremiah 9

:
Macedonian - 1990
1 О, кој ќе даде на главата моја вода и на очите мои извор на солзи? Јас бев плачел ден и ноќ за убиените на ќерката на мојот народ.
2 О, кој би ми дал во пустињата последен престој! Би го оставил мојот народ и би избегал од нив: зашто сите тие се прељубодејци, собир на престапници.
3 Како лак го запнуваат јазикот свој за лаги, со неправда се засилуваат на земјата; зашто минуваат од едно зло на друго и Мене не Ме познаваат, вели Господ.
4 Пазете се секој од пријателот свој, и не се доверувајте никому од браќата свои; зашто секој брат му става сопка на другиот, и секој пријател разнесува клевета.
5 Секој го лаже пријателот свој, и вистина не говорат: го научија јазикот свој да говори лага, се трудат да прават зло.
6 Ти живееш меѓу измами, па поради измама тие откажуваат дека Ме познаваат, вели Господ.
7 Затоа вака вели Господ Саваот: ете, ќе ги растопам и ќе ги испитам; зашто, како инаку да постапам со ќерката на Мојот народ?
8 Јазикот нивни стрела смртоносна, говори подмолно; со устата кон ближниот зборуваат пријателски, а во срцето свое му кројат примки.
9 Зар нема да ги посетам, вели Господ? Нема ли да се одмазди душата Моја на таков народ, како овој?
10 На горите ќе кренам плач и пискот, и по пасиштата во степите ридание, зашто тие се изгорени, така што преку нив никој не минува, ниту се слуша блеење на стада: и птиците небески и добитокот сѐ се распрснало и избегало.
11 И ќе го претворам Ерусалим во купишта камења, живеалиште на змии, и градовите на Јудеја ќе ги направам пустиња, без жители.
12 Има ли таков мудрец, што ќе го разбере ова? И оној, кон кого говори устата Господова да објасни, зошто загина земјата и изгоре како пустиња, така што никој не минува низ неа?
13 И рече Господ поради тоа што го оставија Мојот закон, што го бев определил за нив, не го слушаа гласот Мој и не постапија според него,
14 туку одеа според тврдокорноста на срцето свое и по Вааловци, како што ги научија татковците нивни.
15 Заради тоа вака вели Господ Саваот, Израилевиот Бог: еве, ќе ги нахранам тие луѓе со пелин, ќе ги напојам со вода и жолчка.
16 и ќе ги растурам меѓу народи, што не ги познаваа ни тие ни татковците нивни, и ќе испратам по нив меч, сѐ додека ги истреби.
17 Така вели Господ Саваот: побарајте и повикајте да дојдат тажачки; испратете да дојдат вешти жени за таа работа.
18 Нека побрзаат и да заплачат заради нас, та од очите наши да се лејат солзи и од клепките наши вода да тече.
19 Затоа што глас од плач се слуша од кај Сион: »Како нѐ ограбија, лошо сме посрамени, бидејќи ја оставаме земјата ни ги разрушија куќите.«
20 Па така, слушајте го, жени, словото од Господа и да внимава увото ваше на словото од устата Негова; и учете ги ќерките свои на плач, и една со друга на тажни песни.
21 Бидејќи смртта влегува преку прозорците наши, се впушта во куќите наши, за да ги истреби децата од улиците и младешта од плоштадите.
22 Речи: така вели Господ и ќе бидат фрлени труповите на луѓето како ѓубре в поле и како снопја зад жетвари, и не ќе има кој да ги собере.
23 Така вели Господ: мудриот да не се фали со мудроста своја, силниот да не се фали со силата своја, богатиот да не се фали со богатството свое.
24 А кој се фали, нека се фали со тоа, дека Ме разбира Мене и дека знае оти Јас сум Господ, Кој покажува милост, суд и правда на земјата; оти само тоа е благоугодно пред Мене, вели Господ.
25 Ете идат денови, вели Господ, кога ќе ги посетам сите обрезани и необрезани:
26 Египет и Јудеја, Едома и синовите Амонови, Моава и сите кои се стрижат од страна, што живеат во пустињата; оти сите тие народи се необрезани, а сиот дом Израилев има срце необрезано.