Bible

Create

Inspiring Presentations Without Hassle

Try Risen Media.io Today!

Click Here

Hosea 7

:
Macedonian - 1990
1 Додека го лекував Израилот, се откри неправдата на Ефрема и злодејанието на Самарија, оти тие лажат, и крадец се замешал, и разбојник граби по улиците.
2 И не помислуваат во срцето свое дека Јас ги помнам сите нивни беззаконија; а сега ги обиколуваат нивните дела; пред лицето Мое се.
3 Со злодејанија го веселат царот свој и со лагите свои кнезовите.
4 Од прељубодејство тие сите горат како печка вжарена од лебарот, кој престанува да ја угорува, штом ќе го замеси тестото, и тоа скисне.
5 »Денот е на царот наш!« велат кнезовите, разгорени до болест од вино, а тој ја протега раката своја кон подбивачите.
6 Оти со сплетките свои тие го прават срцето свое слично на печка: лебарот нивни спие цела ноќ, а утрината таа гори како вжарена печка.
7 Тие сите се распалени како фурна и си ги голтаат судиите свои; нивните цареви паѓаат и никој од нив не вика кон Мене.
8 Ефрем се смешал со народите, и станал како пита непревртена.
9 Туѓинци му ја одземаат силата негова, но тој не забележува, косата му побелела, а тој не знае.
10 И гордоста на Израилот е понизена во очите нивни и покрај сето тоа не се обрнаа кон Господа, својот Бог, и не го побараа.
11 А Ефрем стана како глупав гулаб без срце: ги повикуваат Египтјаните, одат во Асирија.
12 Каде и да појдат, Јас ќе ја фрлам мрежата Своја врз нив; како птици небески ќе ги кутнам; ќе ги казнам, како што беше речено во нивното собрание.
13 Тешко нив, оти отстапија од Мене; погибел за нив, зашто се одметнаа од Мене. Јас ги спасував, а тие изрекуваа лага против Мене.
14 А не повикаа кон Мене од сѐ срце, кога пискаа по леглата свои; ридаа на своите постели заради леб и вино, а од Мене отстапуваат.
15 Јас ги вразумував и ги утврдував мишките нивни, а тие замислија зло против Мене.
16 Тие се свртуваа, но не кон Севишниот.