Bible

Create

Inspiring Presentations Without Hassle

Try Risen Media.io Today!

Click Here

Hosea 6

:
Macedonian - 1990
1 Во болката своја тие од рано утро ќе Ме бараат и ќе велат: да одиме и да се вратиме кон Господа, зашто Он ќе нѐ рани, и Он ќе нѐ исцели, ќе нѐ порази и ќе ни ги преврзе раните наши;
2 ќе нѐ оживее за два дена, а во третиот ќе нѐ подигне, и ние ќе живееме пред лицето Негово.
3 И така, сега да се стремиме да Го познаеме Господа; појавата Негова е како утрена зора, и Он ќе дојде при нас како дожд; како доцен и ран дожд ќе ја наполни земјата.
4 Што да ти направам, Ефреме? Што да ти направам, Јудо? Чесноста ваша е како утрена магла и како роса што брзо исчезнува.
5 Затоа Јас ги поразив преку пророците и ги биев со зборови од устата Своја, и судот Мој е како светлина што ќе изгрева.
6 Оти Јас сакам повеќе милост, а не жртва, и познавање на Бога, отколку жртва сепаленица.
7 А тие, како Адам, го нарушија заветот, и таму Ме изневерија.
8 Галад е град на беззаконици, испрскан со крв.
9 Како разбојници го дочекуваат човека така, здружени свештеници убиваат по патот за Сихем и вршат лоши работи.
10 Во домот Израилев гледам ужасни работи; таму Ефрем блудствува, Израилот се извалка.
11 И за тебе, Јудо, е определена жетва кога ќе го повратам од ропството Мојот народ.