Hosea 5
1 Чујте го ова свештеници, и внимавај ти, доме Израилев, и приклони го увото, доме царев, оти вам ќе ви се суди, зашто бевте замка во Масифа и оптегната мрежа во Тавор.
2 Длабоко потонаа во расипаност, но Јас ќе ги казнам сите нив.
3 Ефрема Јас го познавам, но и Израилот не е сокриен од мене; оти и ти блудствуваш, Ефреме, а ти, Израиле, се оскверни.
4 Делата нивни не ги оставаат да се обрнат кон својот Бог, оти блудството нивно, е внатре во нив, па затоа и Господа не Го познаваат.
5 И гордоста на Израилот е понизена во очите нивни; затоа и Израил и Ефрем ќе паднат поради беззаконијата свои; а ќе паде и Јуда со нив.
6 Со овците свои и со воловите свои ќе тргнат да Го бараат Господа и нема да Го најдат; Он се оттргнал од нив.
7 Тие го изневерија Господа, зашто изродија туѓи деца; и сега новата месечина ќе ги проголта заедно со имотите нивни.
8 Затрубете со рог во Гива, со труба во Рама, и викајте во Бет-Авен: »По тебе, Венијамине!«
9 Во денот на казнувањето Ефрем ќе стене пустиња; Јас го соопштив тоа меѓу колената Израилеви.
10 Водачите на Јуда останаа како оние што преместуваат меѓи; ќе го излеам врз нив гневот Мој како вода.
11 Ете, Ефрем е угнетен, поразен е преку суд, оти посака да оди по суетни работи.
12 И ќе биде како молец за домот на Ефрема и како црв за домот на Јуда.
13 Ја виде Ефрем болеста своја и Јуда раната своја; и тргна Ефрем кон Асур и прати по царот Јарим за да го брани; но тој не ќе може да ве излекува, и нема да ви ја исцели раната ваша.
14 Оти Јас сум како лав за Ефрема и како лавче за домот на Јуда; Јас, Јас ќе раскинам и ќе си заминам; ќе однесам и никој нема да ги спаси.
15 Ќе тргнам и ќе се вратам во Своето место, додека тие не признаат оти се виновни, и не го побараат лицето Мое.