Bible

Focus

On Your Ministry and Not Your Media

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Hosea 14

:
Macedonian - 1990
1 Опустошена ќе биде Самарија, зашто се крена против својот Бог; од меч ќе паднат тие, нивните младенци на камен ќе бидат разбивани, а бремените жени ќе бидат распарувани.
2 Обрни се, Израиле, кон Господа твојот Бог; зашто ти пропаѓаш поради своето беззаконие.
3 Подгответе се молитвено, и обратете се кон Господа и речете Му: »Прости ни ги сите беззаконија наши и прими нѐ добро, а ние ќе принесеме жртва од устата наша.«
4 Асур повеќе нема да нѐ спасува; и нема повеќе да јаваме на коњи и на своите уметнички творби да им велиме: »О, богови наши; зашто само Ти си милосрден кон сираци.«
5 Ќе го излекувам одметнувањето нивно, благонаклоно ќе ги засакам, зашто гневот Мој се одврати од нив.
6 Јас ќе бидам роса за Израилот; тој ќе цвета како крин и ќе пушти корења како дрвјата на Ливан.
7 Ќе се рашират гранките негови, и убавината негова ќе биде како убавина на маслина, и мирисот од него како мирис од Ливан.
8 Ќе се вратат оние, кои седеа под неговата сенка, и ќе имаат жито во изобилие па ќе цветаат како лоза, ќе станат славни како виното ливанско.
9 Зошто ми се идолите уште ќе рече Ефрем. И Јас ќе го чујам и милостивно ќе погледнам на него; ќе бидам како зелен кипарис: од Мене ќе ти бидат плодовите.
10 Кој е мудар, нека го разбере ова; кој е разумен нека го познае тоа. Оти патиштата Господови се прави, и праведниците ќе одат по нив, а беззакониците ќе паѓаат на нив.