Bible

Say Goodbye

To Clunky Software & Sunday Tech Stress!

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Hosea 13

:
Macedonian - 1990
1 Кога Ефрем зборуваше, сите трепереа. Тој беше издигнат во Израилот; но беше згрешил со Ваала, а затоа загина.
2 А сега го умножуваат гревот: направија идоли излеани од сребро, онака како што сами ги разбираа уметничка работа па им велат на луѓето да принесуваат жртви и да ги целиваат телињата.
3 Поради тоа тие ќе бидат како утрена магла, како роса, што брзо исчезнува, како плева што ветар ја однесува од гумното, како дим од димник.
4 Но Јас сум Господ, твојот Бог. Од земјата Египетска и ти не треба да имаш друг Бог освен Мене, нема Спасител освен Мене.
5 Јас те познав во пустињата, во засушената земја.
6 Па, имајќи пасишта, тие беа сити; а кога се заситуваа, срцето им се возгордуваше, и поради тоа Мене Ме забораваа.
7 И Јас ќе бидам како лав за нив, како лавче што демне покрај пат.
8 Ќе напаѓам врз нив како мечка, чии мечиња се грабнати: ќе им ги истргнувам срцата нивни и ќе ги изедам таму како лавица, полските ѕверови ќе ги раскинуваат.
9 Ти пропаѓаш, Израиле, зашто само во Мене е твојата потпора.
10 Каде ти е сега царот? Каде се твоите судии, за кои велеше: »дај ни цар и началници!«
11 Јас ти дадов цар во гневот Свој, но ти го одзедов во јароста Своја.
12 Врзано е беззаконието на Ефрема, останат е гревот негов.
13 Родилни маки ќе претрпи; тој е неразбран син, инаку не би останал во положба на тукушто родено дете.
14 Од власта на пеколот ќе ги откупам, од смртта ќе ги избавам. Смрт каде ти е силата? Каде ти е тебе, пеколу, победата? За тоа нема да се покажам.
15 Иако е Ефрем плоден меѓу браќата, но ќе дојде источен ветар, ќе се крене ветрот Господен од пустињата, и ќе го пресуши изворот негов, тој ќе го однесе богатството од сите сокровишта.