Bible

Create

Inspiring Presentations Without Hassle

Try Risen Media.io Today!

Click Here

Hosea 12

:
Macedonian - 1990
1 Ефрем пасе ветар и трча кон источниот ветар, секој ден ја зголемува лагата и запустувањето, склучува сојуз со Асур, а во Египет праќа елеј.
2 Но и со Јуда Господ ќе има суд и Он ќе го посети Јакова по патиштата негови, и Ќе му даде според делата негови.
3 Уште во утробата мајчина тој го задржуваше брата си, а кога порасна, тој се бореше и со Бога.
4 Он се бореше против Ангел и го победи; заплака и Го замоли; во Ветил Он нѐ најде и таму зборуваше со нас.
5 А Господ е Бог Саваот; Јехова е името Негово.
6 Обрни се и ти кон својот Бог; биди милостив и правичен, и секогаш надевај се на твојот Бог.
7 Хананеецот има неверни мерила во раката своја и сака да онеправдува;
8 И Ефрем вели: »Сепак се збогатив, насобрав многу имот, макар што во сите мои работи не можат да најдат ништо незаконско, што би било грев.«
9 Јас, пак, твојот Господ Бог уште од земјата Египетска, пак ќе те населам да седиш во сеници како во деновите на празникот.
10 Јас им зборував на пророците и ги умножував виденијата, а и преку пророците се служев со споредувања.
11 Ако Галад стана Авен, тоа и тие станаа суетни, во Галгал колеа за жртви телци, а жртвениците им стоеја како купишта камења на меѓите од нивните ниви.
12 Избега Јаков на нивите сириски и Израил служеше за жена, а за жена и овци пасеше.
13 Преку пророк го изведе Господ Израилот од Египет и преку пророк Он го пази.
14 Ефрем многу Го разгневи Господа, па затоа Господ ќе ја остави крвта негова на него, и ќе му го врати срамот негов.