Joel 11990

1Слово Господово до Јоила, синот Ватуилов.

2Чујте го ова, старци, и внимавајте сите жители на оваа земја: се случувало ли ова во вашите денови или во деновите на вашите татковци?

3Раскажувајте за него на децата ваши; а децата ваши нека им раскажуваат на нивните деца, и нивните деца – на следниот род;

4сѐ што остана од гасениците, го изедоа скакулците; а што остана од скакулците, го изедоа црвите; и што остана од црвите, го изедоа бумбарите.

5Разбудете се пијаници, плачете и ридајте, вие сите што пиете вино, за сокот гроздов, зашто е одземен од устата ваша.

6Зашто против земјата моја дојде народ силен и безброен; забите му се како заби на лав, а челустите како челуст на лавица.

7Тој ми ја опустоши лозата, и смоквата ми ја откорна, ја обели до голо и ја фрли; гранките ѝ останаа бели.

8Плачи како што плаче млада жена, опашана со вреќиште, за мажот од својата младост.

9Се прекрати лебниот принос и преливот за него во домот Господен; плачат и свештениците, служителите Господови.

10Опустошено е полето, тагува земјата, оти е уништено житото; се исуши гроздовиот сок, овенала маслината.

11Црвенете се од срам, земјоделци, плачете лозари, за пченицата и за јачменот, оти нема веќе жетва по нивите,

12лозата се исуши, смоквата свена, нарот, палмата и јаболкницата – сите дрвја по полето се исушија; поради тоа и веселбата кај синовите човечки исчезна.

13Препашете се со кострет, свештеници, и плачете; ридајте, служители на Светилиштето. Влезете и ноќевајте, служители на мојот Бог, во кострет, зашто во Домот на вашиот Бог нема веќе лебен принос и прелив.

14Определете пост, објавете свечен собир, повикајте ги старците и сите жители од тој крај во домот на Господа, вашиот Бог – викајте кон Господа.

15О каков ден! Оти денот Господен е близу; и ќе дојде како запустување од Сесилниот.

16Зар пред очите наши не се одзеде храната, и од домот на нашиот Бог – веселбата и радоста?

17Изгниени се зрната во своите лушпи, запустени се житниците, урнати се амбарите, оти нема веќе жито.

18Ете, стенка добитокот, нажалени одат стадата волови, зашто нема за нив пасиште; се измачуваат и стадата овци.

19Кон Тебе, Господи, викам, оти оган ги проголта сочните пасишта во пустињата, и пламен ги подгори дрвјата во полето.

20Дури и животните во полето викаат кон Тебе, зашто секна водата по потоците, и оган ги изгори пасиштата во пустињата.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016 © Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016

Choose Translation

Switch translation for Joel 1.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.