Bible

Designed

For Churches, Made for Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Hebrews 9

:
Macedonian - 1990
1 Така и во првиот Завет имаше наредби за богослужение и земно светилиште;
2 оти скинијата беше направена вака: во првиот дел светилникот, трпезата и лебовото предложение; тој дел наречен »Свјатаја«.
3 А зад втората завеса од скинијата беше делот, наречен »Свјатаја Свјатих«;
4 во неа се наоѓаше златната кадилница и од сите страни опкован со злато Ковчегот на заветот, во кој стоеја златниот сад со мана и расцутениот жезал на Арона, како и плочите на заветот,
5 а над него херувими на славата што го осенуваа чистилиштето; за ова сега нема потреба да се зборува поопширно.
6 При ваков распоред, во првиот дел од скинијата секогаш влегуваа свештениците и извршуваа служба Божја;
7 а во вториот дел влегуваше по еднаш во годината првосвештеникот и тоа не без крв, што ја принесуваше како жртва за себеси за гревовите на народот, направени поради незнаење.
8 Преку ова Светиот Дух покажуваше дека уште не е отворен патот за Светилиштето, сѐ додека стои првата Скинија,
9 која е образ на сегашното време, во кое се принесуваат дарови и жртви, кои не можат да го направат совршен по совеста оној што служи,
10 освен во јадењата и пиењата, и во разни миења и телесни обреди, установени до времето на поправањето.
11 Но Христос, кога стана Првосвештеник на идните блага, со поголема и со посовршена скинија, неракотворна, односно не онаква, каква што се прави на земјата,
12 ниту со крв козја и телешка, туку со Својата крв влезе во светилиштето еднаш засекогаш и изврши вечен откуп.
13 Зашто, ако крвта на јунче и јарец, и пепелта од јуница преку попрскување ги осветуваат осквернетите, за очистување на телото,
14 тогаш, колку ли повеќе крвта на Христа, Кој преку Светиот Дух се принесе Себе на Бога непорочен, ќе ја очисти совеста наша од мртви дела, за да Му служиме на живиот и вистински Бог.
15 Затоа е Он посредник на Новиот завет, та по Неговата смрт, што стана за откуп на престапите од времето на првиот завет, призваните да го добијат ветеното вечно наследство.
16 Оти, каде што има завет, таму е неопходно да следува смртта на заветувачот,
17 бидејќи заветот добива сила само по смртта; тој нема никаква сила додека е заветувачот жив.
18 Поради тоа ни првиот завет не беше утврден без крв.
19 Зашто Мојсеј, откако ги прочита сите заповеди од Законот поред сиот народ, зеде крв телешка и јарешка со вода, и со црвена волна и со исоп ја пороси како самата книга, така и сиот народ,
20 велејќи: »Ова е крвта на заветот, што ви го вети Бог«.
21 Исто така со крв ги попрска и скинијата и сите садови за служење на Бога.
22 И скоро сѐ според Законот со крв се очисти, и без проливање крв проштевање не станува.
23 И така, образите небесни требаше да се очистат на таков начин, а самото небесно со подобри жртви од овие.
24 Зашто Христос влезе не во ракотворно светилиште, кое е само образ на вистинското, туку во самото небо, за да се јави сега пред лицето на Бога за нас;
25 и не да се принесува Себе како жртва повеќепати, како што првосвештеникот влегува во Светилиштето секоја година со туѓа крв.
26 Инаку, Он би требало многупати да страда од созданието на светот. А сега еднаш за секогаш, до крајот на вековите, се јави за да го премавне гревот, откако се принесе Сам Себе како жртва.
27 И како што им е на луѓето определено да умрат еднаш, а потоа суд,
28 така и Христос, откако еднаш се принесе Самиот Себе како жртва, за да ги премавне гревовите на мнозина, вторпат ќе им се јави, не станувајќи веќе жртва за грев на оние што Го очекуваат за спасение.