Hebrews 81990

1А ова што го зборуваме, го зборуваме, главно, дека имаме таков Првосвештеник, Кој седна од десната страна на престолот на величието на небесата,

2и е служител на Светилиштето и на вистинската Скинија, која што ја воздигна Господ, а не човек.

3Секој првосвештеник се поставува за да принесува дарови и жртви; затоа беше потребно и Он да има што да принесе.

4Оти, ако Он беше на земјата, не би бил ни свештеник, зашто има свештеници што принесуваат дарови по Законот

5и им служат на образот и на сенката на небесните работи како што му беше речено на Мојсеја, кога сакаше да ја доврши Скинијата: »Гледај, рече, да направиш сѐ според образецот, што ти беше даден на планината«.

6А сега Он доби во толку подобра служба, во колку е и посредник на подобар завет, кој е утврден врз подобри ветувања.

7Оти, ако првиот завет беше без недостаток, тогаш немаше да се бара место за втор.

8Но укорувајќи ги, вели: »Ете настапуваат деновите, вели Господ, и со домот Израилев и со домот Јудин ќе заклучам нов завет,

9но завет не таков, каков што заклучив со татковците нивни во денот, кога ги фатив за рака за да ги изведам од земјата Египетска – зашто тие не останаа во Мојот завет и Јас ги изоставив, вели Господ.

10Но овој е заветот, што ќе му го дадам на домот Израилев по оние дни, вели Господ: ќе ги вложам законите Свои во мислите нивни, и во срцата нивни ќе ги напишам, и ќе бидам нивни Бог, а тие ќе бидат Мој народ.

11И ниеден нема да го учи својот ближен, и ниеден братот свој: познај Го Господа, зашто сите, од мал до голем меѓу нив, ќе Ме знаат,

12бидејќи ќе бидам милостив кон нивните неправди, а за гревовите и беззаконијата нивни нема веќе да се сеќавам.«

13А кога вели »нов«, првиот го направи ветов; а она, што е ветво и остарено, близу е до својот крај.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016 © Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016

Choose Translation

Switch translation for Hebrews 8.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.